Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)
Ултразвучна терапија

Се вели дека ултразвук е заправо нечуен звук. Па така човечкиот организам ги чувствува треперењата на фреквенција од 16 до 20000 Hz бидејќи овие фреквенции се покажале како најдобри за задачата што треба да ја реализираат.
Ултразвукот при апликација на болното место има два основни ефекти кои ги користиме во лечењето. Првиот е топлина која се
развива кога ткивото ги апсорбира вибрациите од главата на ултразвучниот апарат. Во овој случај, не се загрева кожата и поткожното ткиво, туку длабинските ткива, при што се подобрува циркулацијата и се забрзува ресорпцијата на насобраниот екстравазат. Друго важно делување е микромасажата на клеточните станици.
За разлика од класичната масажа со прсти или со некаков апарат, вибрациите на ултразвукот се со доволно мала амплитуда да на нив реагира заправо клеточната мембрана. Тогаш таа ја зголемува својата пропустливост (пермеабилност), што последователно го забрзува нејзиното закрепнување ако е поради некој процес оштетена. Ефектот на станицата подоцна го гледаме на делот од ткивото или органот во целина во смисол намалување на воспалителни
те процеси и забрзувањето на регенерацијата. Освен болното ткиво, на ултразвукот реагираат и капиларите со зголемување на својата пропустливост, забрзувајќи го на тој начин снабдувањето на ткивата како со кислород, така и со останати хранливи состојки.
Ултразвукот често се употребува кај хроничните болни состојби на тетивите, лигаментите, мускулите како и рскавицата во зглобовите. Одлични резултати постигнуваме ако го примениме кај артроза, ревматизмот, синдромот на пренапрегање или кај спортските повреди.
Додатна негова предност се гледа во можноста да се примени строго локализирано на болното место со избор на сонда со мал размер. При точкастата болност кај ентензитисот (воспаление на припојот на тетивата на коската), лекувањето е со озвучување на само тоа место, без трошење на времето и енергијата на околното здраво ткиво.
При користење на поголеми фреквенции, се користи во лекување на calc
ar calcanei (шилци во пета) и при лекување на целулитот.