Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)
Ерготерапија

Ерготерапија (работна терапија) е дел од терапевтско – рехабилитацискиот  програм и опфаќа мануелни, креативни, рекреативни, социјални, едукативни и останати активности се со цел кај пациентите да се постигне одредена функција или одредено ментално однесување.
Движењето – вежбањето како природен тек – има за цел да го врати или очува здравјето на човекот.
Ерготерапија е метода на лечење кај која работата представува низа на движења кои имааат за цел изведување на некоја задача.
Од најраните времиња познато е влијанието на работата на психичката, физичката и социјалната состојба на човекот и со причина може да се каже дека работата го создала човекот. Бидејќи човечкиот организам низ еволуцијата е граден за локомоција, потребна му е активност и работа за да би функционирал нормално.
Современата рехабилитација подразбира сложен процес на примена на мерки и постапки со цел очувување, негување и развивање на преостанатите способности на заболените.
Заболениот не е веќе објект на кој се спроведуваат одредени медицински постапки, туку представува активен член на тимот кој учествува во своето оспособување.
Работната терапија низ примена на разни активности користи едноставна опрема и алатки од разновидни материјали, на начин со кој се обезбедува дозирана активност.
Ерготерапијата во своето спроведување ги користи методите:
-    функционално оспособување,
-    обучување на активностите за самозгрижување
-    обучување на секојденвните активности
-    ортотичко – протетички методи
-    проценка на работните способности
-    предпрофесионалната проценка
-    професионално насочување
-    архитектонско – техничка адаптација
-    адаптација на средствата за работа
-    мотивирање на пациентот за работа и опоравување
-    делување на расположението, стрпливоста и самостојноста на пациентот.

Крајна цел е ресоцијализација, односно максимално оспособување и развивање на преостанатите способности за враќање во животната и социјалната средина, односно секојдневниот живот.