Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)
Кинезиотејпинг

Кинезиотејпинг е Јапонска метода која е базирана на природно лекување  на сопственото тело.

Техниката се состои во апликација на специјално дизајниран Kineziotex фластер на точно одреден дел на телото. Во зависност од начинот на апликација се постигнува саканото дејство.Kineziotex тејпингот е тенок, памучен и леплив фластер кој може во зависност од потребите до 100% да ја зголеми својата должина при истегање.

Со правилно истегнување и примена на точно одреден дел на телото го постигнуваме саканиот учинок. Се стимулираат проприорецепторите, а се фацилитира илиинхибираат обрасците на движења и се менуваат во зависност од тоа што сакаме да постигнеме.Кинезиотејпинг фластерите не ги попречуваат секојдневните активности на пациентот, ниту туширањето, бидејќи се водоотпорни.

Дејството на кинезиотејпингот е докажано со ефикасна активација на невролошките и циркулаторните системи.

При прекумерно напрегање на мускулите доаѓа до воспаление. Просторот помеќу кожата и мускулите се компримира што резултира со силен потисок на линфната течност, така што доаѓа до создавање на потисок на рецепторите за болка. Се јавуваат симптоми на нелагодна болка и намалување на движењата.

 

При апликација на кинезиотејпингот се намалува болката, се олеснува линфната дренажа, на начин така што ја подига кожата и го зголемува внатреклеточниот простор. Резултат е намалување на болката, бидејќи се намалува потисокот на поткожните рецептори за болка. Смалување на потисокот овозможува подобра линфна дренажа и намалување на  можностa за потешки повреди, едеми и крварења.

 

Основни физиолошки принципи на Кинезиотејпингот се:

  • Намалување на болка,
  • Подобрување на циркулацијата,
  • Санирање на едемот (отокот),
  • Подобрување на движења во зглобот и корекција на лабавоста на истиот,
  • Подобрување на мускулната функција и нивна релаксација.

 

Се користи во лечење на повеќе патологии: линфодеми, спортски повреди, бурзитиси, карпал тунел, спондилоартрози, дископатии, остеоартритис, тендинитис, епикондилитис, ахилова тетива, парези и т.н.

Предноста е во тоа што може да се користи од акутна до крајна фаза на рехабилитација. Може да се препорача скоро кај сите, од детско до најстаро доба. Се препорачува дури и кај деца со церебрална парализа во рана фаза на терапијата или кај сколиози.

 

Одлични  резултати покажуваат и кај професионални спортисти, така што во светот на спортот има широка примена. Може да се аплицира 20-30 мин. и пред тренинг или натпревар. Бидејќи се водоотпорни можат да ги користат пливачи и ватерполисти.