Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)
Рефлексологија

РЕФЛЕКСОЛОГИЈА или зонотерапија е масажа на стапала со цел постигнување благотворно дејство на останатиот дел од телото илиподобрување на целокупното здравје на човекот. Рефлексологија е древна вештина на лечење која се темели  на делување на рефлексните зони на стапалата и рацете, а која одговара на сите делови на телото, органи и жлезди. Рефлексотерапијата се занимава со нервите т.е со нивните крајни завршетоци на стапалата и рацете, кои одговараат со одредени (соодветни) точки на телото.

 

Стапалото е еден совршен микроакупунктурен систем во кој топографски се отсликани сите делови на телото и органите.Таа врска се остварува по меридијален пат.

Човечкото тело е поделено на 10 вертикални зони или меридијани кои се распоредени и поминуваат од прстите на стапалото до мозокот и до прстите на раката. Зоните завршуваат на стапалото, така што секој орган има своја точка. Нервните краеви кои завршуваат на стапалата ги пренесуваат информациите по должина на ’рбетната мождина до мозокот и од таму до одделните делови на телото.

Стимулацијата на одделни точки (зони) на стапалото делува на воспоставување нормален енергетски тек, на органите и жлездите. Ефикасно се отстрануваат тегобите, болните состојби и одделни болести кои настанале поради блокирана енергија и премногу токсини во организмот.

Успешно може да се спречат  или ублажат разни форми на секојдневните тегоби, како што се: главоболки, изнемоштеност, психо-соматски тегоби, од голема помош е во отстранувањето на стресот и придонесува опуштање и повторно воспоставување на психо-физичка рамнотежа.

Поволен учинок има кај пулмонални заболувања, како и подобрување на функцијата на органите за варење и на перисталтиката на цревата. Исто така  ефикасно делува против несоница, екцем и различни алергиски реакции, делува на дисменореа, дерматолошки проблеми, отстранување на болки во грбот и коските.

Општата  состојба на организмот многу брзо се подобрува, поради тоа што масажата ја подобрува циркулацијата  на крвта и лимфата која го регулира исфрлањето на стресот од организмот (ревитализација на органите).

Рефлексологијата е идеална за луѓе кои работат напорна физичка работа и кои се изложени на стрес на работното место.

Масажа на стапала делува на сите органи во телото и чини „чуда".

Први трагови на примена се пронаоѓаат во Кина, пред 5000 години.