Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)
Масажи

Ова е убедливо најстара физиотерапевтска техника која се уште е во употреба. Иако во последните десетлетија се произведени помалку или повеќе софистицирани апарати за масажа, уште ниеден не успеал да ги замени рацете на искусниот терапевт. Оние кои се склони на филозофијата на новото доба ќе кажат дека тоа е поради размената на енергијата помеѓу масерот и пациентот. Но сепак се чини дека тајната е во прецизното чувство со кое терапевтот ја опушта мускулната напнатост, и прави да се смалат болките или дури и да исчезнат.
Физиолошки, масажата ја потикнува циркулацијата на крвта и лимфата, со што масираното подрачје мерливо се затоплува. Исто така познати се и дејствата на смалување на мускулниот тонус (напнатост во мирување). На клеточното ниво, се зголемува пропустливоста на мембраната и забрзува метаболизмот. Поновите истражувања покажуваат и низа други позитивни ефекти.
Просечниот лаик веројатно ќе биде збунет поради мноштвото различни масажи кои денес се нудат, често со необични и егзотични називи. Понекогаш може да се чини дека некои од тие техники имаат прекрасни-чудесни  својства. Но, постои една едноставна поделба која може да го олесни разбирањето. Два се темелни вида на масажи-медицински и немедицински. Овие првите имаат точно одредена намена и место во лекувањето кај специфични заболувања и болни состојби. Особено важно е масажите да ги изведува стручно лице со адекватно медицинско образование. Само со тие техники е можно да исчезне болката, згрченоста на мускулите, да се намали трпнењето, отеченоста или позитивно да се влијае на некој друг нелагоден симптом.
Во комбинација со други техники на лекување, масажата е моќен лост во воспоставувањето на состојба на полна функција на локомоторниот како и на дел од кардиоваскуларниот и нервниот систем. Со немедицинските масажи цел е пред се да се постигне релаксација на дел или на целото тело. Овие масажи денес најповеќе се употребуваат за ослободување од стресот. Со спроведување на масажата опфаќајќи го целото тело изведуваме комплетна-релаксирачка масажа. Со масирање на одделни делови од телото изведуваме, таканаречена парцијална масажа. Поради своите позитивни реакции на комплетниот организам, јасно е зошто масажата одамна постана неизбежен дел од секојдневието, што поради лечење, а што поради уживање.
Без разлика на тоа за кој вид на масажа станува збор, нејзиниот резултат мора да биде телесно и духовно растеретување и длабока релаксација. Масажата е најлесен пат да се постигне опуштање и за зачувување на здравјето. Масажата не може да ги излечи сите болести, но сигурно може да ја поправи општата состојба на организмот, да ги ублажи тегобите и забрза процесот на опоравување. На секој човек му е потребно опуштање и бегање од секојдневието. Главоболка, грчеви, несоница, напнатост, стрес, сите тие тегоби можат да се ублажат со масажа.
Добрата масажа создава чувство на пријатност, доверба и радост!