Домашна рехабилитација |
ФИЗИКАЛНА ТЕРАПИЈА ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ Потреба од медицинска рехабилитација во домашни услови имаат личности чија состојба изискува долготрајна рехабилитација и кои поради здравствените состојби и последици имаат повреди и оштетувања, поради кои не се во состојба да спроведувуваат физикална терапија во амбулантски услови. Воглавно се работи за возрасни и деца кои се неподвижни или тешко подвижни поради хронични невролошки, ортопедско-травматолошки и ревматолошки заболувања како и други болни состојби. Физикалната терапија вклучува: • Превенција на последици поради долготрајно лежење • Кинезитерапевтски постапки во очувување на мобилноста и подвижноста • Индивидуални мускулни тренинзи • Трансфер, едукација на домашните околу начинот на транфер и адаптација на околината на болниот • Примена на техники за баланс и стабилност • Вертикализација, примена на ортопедски помагала за одење • Апликација на електротерапија за аналгезија и мускулна стимулација • Електротерапија против болка Постапките опфаќаат: • Кинезитерапија • Електротерапија • Магнетотерапија • Ласер • Термотерапија • Масажа и лимфна дренажа За потребите од електротерапија во домот се донесува потребната апаратура. Кинезитерапија • Индивидуални вежби • Тренинг за одење • Тренинг за координација и рамнотежа • Мобилизација на зглобовите • Тренинг за седење, станување и стоење • Респираторен и кардиовскуларен тренинг • Тренинг на употреба на ортопедски помагала • Програм за деца со потешкотии во развојот • Специјална физиотерапија (Bobath, Kabath, PNF, McKenzie) |