Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)
Анти стрес терапија

Или ПСИХО - ФИЗИО – НЕУРОСТИМУЛАЦИЈА се применува со користење на апаратура со најнапредна технологија, применувајќи принципи од физиологија и психологија, при што се модифицираат и менуваат физичките и психичките одговори кои ги дава организмот со цел да се постигне сеопфатно подобрување. Се делува на централниот, периферниот и автономниот нервен систем како и на нервните мрежи и структури кои одговараат и интервенираат на контрола на умот.

Компјутеризираните програми на апаратурата се со докажана сигурност и овозможуваат прогресивна релаксација. Клиентите при примена на терапијата се удобно сместени на кревети, при што воедно им се применува и аудио – музикотерапија, така што им се овозможува да се излекуваат од својот стрес, опсесија, непријатности и тн.

Протоколите и програмите, со кои се работи се со апсолутна прецизност и вклучуваат: одредена нервна стимулација, техники за релаксација, одговор на релаксација, длабоки масажи и техники базирани на следење на нервната фреквенција, кои успеваат со терапијата да ги сменат сензациите на клиентите, перцепциите и нивниот тек. Доведуваат до деактивација на левата хемисфера на мозокот (свесниот ум) и пренесување на контролата на десната хемисфера (потсвеста), менувајќи и создавајќи нови специфични условни рефлекси (Павлов), кои му дозволуваат на клиентот полесна контрола врз неговите проблеми и подобрување на неговиот организам, преку техниките за длабока релаксација, константен сон, отстранување на болката, контролирање во стресни ситуации, зголемување на самодовербата, намалување на вознемиреноста и владеење со емоциите и загриженоста.

Индикации:

- Пореметување на сонот,

- Вознемиреност,

- Опсесија,

- Депресија,

- Обеситас, анорексија, булимија,

- Пострауматски стрес,

- Ноќно мокрење,

- Подобрување на состојбата на кожата (херпес),

- Програми за контрола на хронична болка,

- Терапии за зависници од тутун,

- Фобии,

- Зголемување на самодовербата,

- Подобрување на климактерични тегоби