Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)
Анти целулитни третмани

Ц Е Л У Л И Т

ЕСТЕТСКИ ИЛИ ЗДРАВСТВЕН ПРОБЛЕМ ?

Дури 80% од жените имаат делови на телото наталожени со целулит. Обично тоа се бедрата, колковите, стомакот и нозете. Целулитот е естетски но и здравствен проблем со кој се борат голем број жени уште од пубертетот. Најголема улога во настанувањето на целулитот играат неправилната исхрана, стресот, недостатокот на физичка активност, генетските предиспозиции, како и хормонските пореметувања.

Сите мускули во организмот се обвиткани со масни наслаги и сврзно ткиво кое е со различна дебелина и е опкружено со течност. Ова масно ткиво е прицврстено со мрежа од влакна (еластин и колаген), и кога организмот добро функционира отпадните материи се исфрлаат. Доколку не се исфрлат тие почнуваат да се таложат. Сврзното ткиво се соединува со таа течност која со тек на време се згуснува и стврднува и прави “џебови” кои понатаму формираат т.н “кора од портокал”. Најдобри резултати во третирањето на целулитот и прекумерната тежина се постигнуваат со неколку различни методи, од мануелни до препаративни и апаративни.

Електростимулација: тоа е електротераписки третман на високософистициран апарат кој преку нискофрекфентна струја делува на разградување на масното ткиво и целулитот, го враќа тонусот на мускулите, ја враќа нивната цврстина, ја подобрува периферната микроциркулација и ја отстранува т.н. “кора од портокал”.

Доколку телото се третира со некој одреден препарат за дренажа пред или после третманот, или доколку се нанесе антицелулитна крема, разградувањето на масното ткиво се зголемува.

Антицелулитна рачна масажа: делотворна метода со која се подобрува пореметената микроциркулација, се стимулира метаболизмот и лимфниот систем и се отстрануваат отровните материи. Овозможува побрза и подлабинска апсорпција на активните материи од антицелулитните креми и маслата за дренажа.

Ултразвучна терапија: ултразвукот предизвикува длабинска микромасажа, го загрева ткивото,ја подобрува циркулацијата и ја зголемува растегливоста на колагенското ткиво. Со негова помош антицелулитните препарати побрзо продираат во кожата. Тоа е единствена метода која делува длабински а со самото тоа и метода која највеќе ветува во борбата против целулитот.

Боди врапинг: е третман каде прво на кожата се нанесува антицелулитна крема или некој друг препарат со термоактивно дејство. Потоа, делот кој се третира се мота во фолија и додатно се покрива со термодек.

Лифтинг на тело: е третман каде со помош на нискофрекфентна струја се делува кај млитаво и опуштено ткиво, при слаб тонус на мускулите, ткиво со масни наслаги и целулит. Силните електроимпулси длабински го разградуваат масното ткиво, ја подобруваат циркулацијата, ги регенерираат ослабените колагенски и еластични влакна на кожата, а на мускулите го враќаат природниот тонус.

ВРЕМЕ Е ДА ГО РЕШИТЕ ПРОБЛЕМОТ ШТО ДОЛГО ВЕ ИЗМАЧУВА КАЖЕТЕ МУ ЗБОГУМ НА ЦЕЛУЛИТОТ