Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)
Електротерапија

Користењето на електричната енергија во лечењето на болните состојби не е нова идеја. Постојат докази дека уште во античкото доба, луѓето користеле електрични јагули во лечење на костоболка. Но за развојот на електротерапијата сепак требало да се причека на развојот на науката, на откривањето, описот и објаснувањето на електричната енергија, како и креирањето на адекватна опрема со која со точно одредена јачина, облик и фреквенција на електричните импулси, истата можела да се доведе на саканиот дел на човечкото тело. Модерните апарати за електротерапија се потполно компјутеризирани, и овозможуваат прецизен терапијски облик за сите заболувања кои добро реагираат на ова лечење, а постои подолга листа на форми на електроимпулсот за кои е востановено лековито делување. Воопштено зборувајќи, електротерапијата ја намалува болката, го отстранува отокот и ги смирува воспалените процеси. Физиолошки, под електродата или во зоната на прострујување, се одвиваат следните физиолошки резултати: вазодилатација (ширење на крвните садови), хипермија (црвенило на кожата со присатна топлина), се подобрува измената на состојки во станицата и нормализира рН, се намалува надразнувањето на ноциоцепторите                ( чувствителните рецептори, значи ја намалува болката), го забрзува зацелувањето на ткивата, се зголемува мускулната контракција…
Сите тие ефекти можат да се постигнат исклучиво со правилна и строго индивидуална примена на еден или повеќе струјни модалитети кај конкретен пациент со конкретно заболување од страна на физиотерапевтот.
Кај хроничните заболувања, кај постоперативното закрепнување или во санација на акутни повреди, електротерапијата се по правило комбинира со цел еден низ на други физиотерапевтски техники, од масажа, ласер, ултразвук, па се до кинезитерапија. Само така комплексен пристап вообичаено доведува до најдобри конечни резултати.

Делувањето на интерферентните струи одговара на делувањето на дијадинамичките струи, со напомена дека интерферентните имаат појако длабинско делување, и подобра подносливост со вибрациската масажа. Интерферентните струи делуваат на настанување на калусот, и така го забрзуваат растот на коскеното ткиво. 
Траење на лечењето е 10-15 дена, освен кај стимулацијата на калусот каде апликацијата трае 4 недели. Една обработка трае 10-15 минути, зависно од индикацијата.

Кога ги користиме интерферентните струи

-    кај ревматските заболувања
-    кај парези и парализи
-    кај болести на крвните садови
-    кај разни ортопедски заболувања