Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)
Ласеротерапија

Ласер е една од најмладите методи која денес се применува во современата медицина, а наспротив на тоа истиот е толку прифатен што во многуте медицински гранки, преставува неземенливо средство. Историјатот започнува од 1917 год. Од Алберт Ајнштајн и неговата хипотеза за идуцирана емисија преку Мејман кој 1960 год. Патентирал нов изум-ласер. Зборот “laser” претставува кратенка од “light amplification by stimulated emision of radiation"   што значи појачување на светлината со стимулирана емисија на зрачење. Ласерот е незаменлив во повеќе медицински гранки како што се: хирургија, физикалната медицина, трауматологија, дерматологија, козметика... Ласерите во здравстените установи во жаргон се нарекуваат меки и тврди и претставуваат синоними за ласери со ниска и висока снага. Ласерите со висока снага својата примена ја нашле во хирургијата, додека ласерите со ниска снага првенствено се користат во физикалната медицина, што е најинтересно за нас. Снагата на ласерот, излезната снага на ласерскиот зрак, брановата должина, енергијата на зрачењето, фокусот на ласерското зрачење, вкупната енергија на ласерското зрачење како и режимот на работата (континуиран или импулсен) се параметри који ги одредуваат ефектите на примената на ласерот и мораат да бидат прецизни пред примената на ласерот во практичната работа.
Дејството на ласерот во физикалната терапија:
Биолошките промени до кои доаѓа во текот на ласеро-терапијата се последица на не само третираниот ефект на ласерот, туку и одговорот на „домаќинот“ кој се состои во промена на метаболичките активности кои трајат и до месец дена. Ласерскиот сноп може да произведе ефект на инхибиција или стимулација во локалното целуларно подрачје, така да слабите стимуланси можат да побудат физиолошка активност, умерените стимулираат, јаките задржуваат а мошне јаките спречуваат.
Поголема густина предизвикува деструктивно дејство а помалата биостимулативно. Со рефлексно – терапијска стимулација на одредена биолошки активна точка на кожата, се покренуваат процеси на синтеза на различни биолошки активни супстанци кои имаат аналгетичко, антиинфламаторно и антиедематозно регулативно дејство. Со ласеротерапијата го стимулираме растот на клетките на врзното ткиво, ткивото на тетивите, коскеното ткиво, се стимулира  клеточната регенерација на нервните клетки. Се стимулира активноста на ткивата: промени во содржината на простагландините, зголемена содржина на специфични ензими. Зголемување на продукцијата на клеточните продукти. Се смалува способноста на лимфоцитот да делува на стимулус на антигените. Зголемената регенерација на лимфни садови и вените. Ја успорува или смалува појавата на фиброзно ткиво ( кај изгореници и хирушки рани). Ја стимулира нервната функција – ја зголемува амплитудата на акцискиот потенцијал.