Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)
Магнетотерапија

Уште во времето на откривањето на магнетната сила, се верувало дека таа невидлива енергија има некое лековито својство. Обидите на нејзино користење во лекувањето се движеле од поставување на едноставни постојани магнети на заболените делови на телото, па се до поставување на целото тело во едно големо константно магнетно поле. Веќе тогаш се забележани првите случаи на излекување и подобрување на состојбата кај заболувања кај кои тоа никако не би требало да се очекува.

Но, проблемот бил плацебо, односно способност на телото за самоизлекување ако човекот бил уверен дека еден начин на лекување навистина помага. На тој начин во 18 век Месмер наголемо го компромитирал магнетизмот (во овој случај електромагнетизмот) како терапија со свои `чудесни` излекувања кои ги изведувал во Париз и Виена.

Дури подоцна, со развојот на електротехниката и електрониката, се појавуваат апарати кои можат да произведат магнетно поле со онаа јачина која ја посакуваме и дури тогаш можело адекватно да се истражи значењето и делувањето на мегнетните бранови на метаболизмот, физиологијата и во лечењето на одредени болести воопшто.

Пулсното магнетно поле (кое денес се употребува во физиотерапијата) делува пред се на станичната мембрана и електролитите во неа. Или поедноставно, под магнетни бранови се зголемува пропустливост на станичната мембрана, се забрзува нејзиниот метаболизам, се подобрува стварањето на молекулите одговорни за енергија и сила, и се забрзува одводот на баластните (непотребните) материи од самата станица. Сето тоа го подобрува опоравувањето на ткивото нападнато од некој патолошки процес. Сите тие ефекти ги предизвикува пулсното магнетно поле, значи извор кој е способен мошне бргу да воспоставува и прекинува магнетизам. Единствено тогаш настануваат `бранови` и струја на станиците на ткивото, што е и промарната цел на магнетотерапијата. Постојаните, константни и природни магнети ( како оној во компасот) ја немаат таа способност, иако денес се зборува и за позитивното влијание на постојаното магнетно поле на некои заболувања, тоа не е докрај докажано. Со обзир на делувањето, магнетот често се употребува кај скршеници на коските, за брзо зацелување, исто како и кај повреди на мускулите, тетивите, лигаментите и рскавиците, ревматолошките заболувања, како и во постоперативното закрепнување.