Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)
Термотерапија

Под терминот термотерапија се подразбира примена на топлина и разладување  во процесот на лекување и оспособување.
При примена на топлина односно разладување во тераписки цели се разликуваат два облика:
1.    термо - терапија ( termos gr.= топол)
2.    крио – терапија ( krios gr. = ладен).

ТЕРМОТЕРАПИЈА се базира врз појавата организмот да ја прима топлината од средината, доколку затопленоста на надворешната средина е поголема ( или енергија која доаѓа од надворешната средина во друга форма ), или да ја предава на околината доколку температурата на телото е поголема од температурата на околината.
Секое лечење по пат на топлина е поврзано со пренесување на топлината.
Со цел пренесување на топлина на организмот во медицинската практика се служиме со разновидни извори:
1.    Природни извори на топлина ( сонце, гејзери, топли минерални извори и др.),
2.    Вештачки извори на топлина:
а. Примарни – електрични апарати за затоплување, I.R. лампа, електрични перничиња кои сами даваат толина и сл.
б. Секундарни – кои само вршат пренесување на примената топлина на организмот како што се: топла вода, водена пареа, топол воздух, пелоид, парафин, песок и т.н.

Секој од наведените видови на извори на топлина може да се користи во лекувањето во звисност од состојбите и околностите кои се определени од факторите како што се: ефикасност, практичност, рационалност на употреба, место на лекување и т.н.
Процесот на термотерапија е строго индициран, земајќи ги општите ефекти на организмот до кои можат да доведат.
Физиолошки се констатира забрзување на циркулацијата на крвта, што несомнено има поволно дејство кај многи патолошки состојби, при што доаѓа до зголемување на волуменот на крвните садови, зголемување на трансудацијата, како и забрзување и зголемување на количината на линфата.
Освен вазодилататорно, термотерапија има и аналгетско дејство во намалување на болките.
При просечно траење на толината од 15-30 минути, телесната температура обично пораснува за 1*C. Поради забрзаната размена на материи, дејството на термотерапијата се користи при третманите за слабеење.
При потење доаѓа до елиминација на многу состојки како и токсични материи така што се користи при третманите за детоксикација на организмот.
Како најблагодарни состојби за третирање со термотераписки процедури се:
-    пострауматстски состојби,
-    ревматски заболувања.

КРИОТЕРАПИЈА
Како што со топлотните процедури се врши додавање на топлината на телото, со аплицирање на течни, полуцврсти или цврсти материи кои се со пониска температура од телесната, може да се врши одземање на топлината од организмот.
На површинските крвни садови разладувањето доведува до вазоконстикција, по што доаѓа до реактивна хиперемија.
Локални пакувања во вид на пластични кеси со лед, честа е процедура како во медицинскатата така и во домашната практика. На периферниот нервен систем ладното во поголем степен делува аналгетски и има анталгичен ефект.
Кесата со ледот не се аплицира директно на кожата туку се обвиткува во ткаенина како би се дозирало разладувањето. Растопувајки се, ледот врзува одредена количина на топлина од организмот.
Во конзервативната медицинска практика, пакувањата со лед се применуваат кај различни облици на воспалителни процеси: tonsilitis, apendicitis, adneksitis.
Криотерапија во последно време има широка примена како аналгетско средство, бидејки дејствува во смисол на прекинување на проводливоста на болните сензации.
Поволно дејствува кај посттрауматски состојби (kontuzii и distorzii), каде освен аналгетскиот ефект се постигнува и вазодилататорно дејство на крвните и линфните садови така што ги намалува едемите (отоците) и евентуалните хеморагии (крварења).
Ваквата примена на топлината односно разладувањето овозможува, скратување на должината на онеспособеноста и брзо враќање на изгубените функции.