МАСАЖА – Курс по Основи на Масажа
Нашата Установа во склоп на имплементација на Обуки од областа...
Прочитај повеќеГорди сме на нашиот широк спектар на сеопфатни услуги за да ги задоволиме потребите на нашите клиенти. Нашиот тим од професионаци е специјализиран да обезбеди индивидуална рехабилитациска програма и третман.
Сите услугиЛасерот е еден од најновите методи што се применува во современата медицина во денешно време, но покрај...
ПовеќеСе вели дека ултразвукот е главно бесшумен звук. Така, човечкиот организам го чувствува треперењето...
ПовеќеАнти стрес терапија се применува со користење на апаратура со најнапредна технологија, применувајќи...
Повеќе
Центарот за физикална и кинезитерапија „Ласер Мед“ датира од 2006 год. и во текот на сите овие години се грижи за Вас и Вашето здравје. Во нашиот центар вршиме широка палета на услуги од областа на медицинска рехабилитација и е место каде што ќе се чувствувате смирени знаејќи дека без разлика колку и да е сериозен Вашиот проблем, целиот наш тим ќе прави сè за да Ви помогне.
Со нашето знаење се грижиме и го одржуваме Вашето здравје, држењето на телото и сите фактори кои го нарушуваат Вашиот локомоторен и нервен систем и Ви обезбедуваме најсоодветна терапија и совет. Сметаме дека секој проблем е посебен, затоа пристапуваме со индивидуален план за физикален третман, програма за вежбање, како и совети како да ја одобрите ергономијата на секојдневневното живеење. Тука сме да Ве опуштиме со масажа, да го ослободиме стресот и да го релаксираме Вашето тело.
Нашиот тим секогаш е насмеан и позитивен, сè со цел да Ви обезбеди пријатна атмосфера и удобност во текот на третманот, користејќи ги најновите технологии за лекување за Ваше брзо и лесно обезболување и враќање на функцијата. Нашите физиотерапевти се високо образовани професионалци и тежнеат кон надградба на своето знаење преку семинари, меѓународни конгреси и курсеви за континуирана едукација.
Наша мисија е да им го подобриме квалитетот на животот на луѓето и да им овозможиме да го живеат животот без болка и во потполна физичка активност.
Се стремиме секогаш да го пратиме развојот на новата технологија и да ја обезбедиме најсовремената опрема во нашиот центар за нашите пациенти, како и сите сертифицирани техники и методи во областа на медицинската рехабилитацијата.
Мојот професионален пат започна по завршувањето на студиите на Белградскиот Универзитет и продолжи низ стручна надоградба, до стекнување на академската титула Доктор на науки по Кинезиологија. Континуираната едукација не прекина ниту по две и пол децениска практика, бидејќи основен постулат на мојата професионална ориентираност е континуирано усовршување, истражување и имплементација на најсовремени иновативни рехабилитациони методи и техники, се со цел брзо и успешно враќање на функционалноста на нашите клиенти.
Дознајте ги најновите вести поврзани со нашиот Центар за физикална и кинезитерапија.
Прочитај повеќеНашата Установа во склоп на имплементација на Обуки од областа...
Прочитај повеќеПрвиот третман е всушност дијагностички, бидејќи болката во одредена...
Прочитај повеќеВо склоп на континуирана професионална едукација во нашата...
Прочитај повеќеВиолината го исполнува мојот живот со прекрасни моменти, сепак зад тоа се кријат многу часови секојдневна работа која со себе носи оптеретување на зглобовите и мускулите на рацете, вратот, грбот и лумбалниот дел. Заморот, болката, помали или поголеми деформитети и повреди се дел од мојата професија. За среќа тимот на “Ласер мед“ секогаш има соодветна терапија со која овие последици се отстрануваат или во најмала рака се спречува понатамошен деформитет. Бескрајна благодарност до Др. Лазаревска што ја овозможува “Emmett” терапијата која за мене буквално ги брише болката, заморот, затегнатоста на мускулите, ја враќа виталноста на телото, ме прави да се чувствувам барем 10 години помлада и поенергична така што можам да го дадам мојот максимум на секој концерт.Александра Димитриевска – Колевска “Emmett” терапија
Ги користам услугите на Ласер Мед повеќе од 10 години. Презадоволна сум од квалитетот на услугите кои ги нудат и љубезниот стручен кадар со кои располагаат. Препорачувам на секого да се увери во ефикасноста на физикалната терапија и декомпресивната терапија која ја нудат. Ви Благодарам Ласер Мед.Кристина Дракуловска Третман на болка во грбот
Речиси 15 години како правам терапии во Ласер Мед и задоволен сум од третманот со кој ме третираат, бидејќи секогаш после третманот се чувствувам лесно и без болки. Имам проблеми со половината, вратот и колената... Благодарејќи на редовната примена на физикални терапии јас можам да се одржувам и живеам без болка.Орде Крстевски Третман на болка во половината, вратот и колената
Сакам да изразам голема благодарност од се срце до вработените во Ласер Мед. Имав проблем со лумбална дискус хернија и по препорака на моја пријателка побарав консултација и помош од Ласер Мед. После 10 дневна терапија во која беша вклучени и декомпресија, електро терапија и вежби во пријатна и мирна атмосфера, состојбата значително ми се подобри и повторно почнав нормално да функционирам. Сега се одржувам со редовни вежби дадени од нивна страна. Уште еднаш благодарност.Маја Анчева Декомпресија, електро терапија и вежби
Во Ласер Мед доаѓам повеќе од 10 години за третман на Полинеуропатија која за жал се манифестира со силни неуропатски болки. Професионалниот пристап на тимот од Ласер Мед, нивното знаење и максмална посветеност од корен го променија квалитетот на мојот живот. Применувам електротерапии, ултразвук и медицинска масажа, во три до четири циклуси годишно, со што болката целосно се става под контрола. Од се срце благодарам на тимот на Ласер Мед, предводен од Д-р Снежана Лазаревска.Ружа Дончевска Електротерапии, ултразвук и медицинска масажа