Методија Шаторов-Шарло бр.15/1-10
Аеродром, 1000 Скопје, Северна Македонија
02 2466021
070333235
contact@lasermed.com.mk
laser_med@yahoo.com

Можеби ниту една друга терапија во светот не е стара колку акупресурата. Се вели дека е старa колку и човечкиот инстинкт. Значи, природна реакција е да го допреме болното место со рака.


Суштината на акупресурата, која во последните векови ја подобрија Кинезите, се сведува на реципроцитет на болното место со исто толку силен притисок. Старите Кинези различно ја дефинирале акупресурата: за да ја намалите болката и да воспоставите рамнотежа помеѓу органите на телото, акупресурата ќе ви помогне. Сепак, акупресурата има два пристапи: еден од нив е „аку-јога“, а другиот е „до-ин“. Во првиот случај, се користи медитација со притисок на прстите со длабоко дишење. Во другиот случај исто е како кај првиот само што посебно внимание се посветува на техники кои ги стимулираат акупресурните точки и меридијаните.

Античка вештина

Едноставниот притисок врз меридијаните, што претставува еден од начините на поврзување на површината на телото со органите на телото, може да отстрани или барем да намали многу потешкотии како што се: воспоставување духовна и телесна хармонија, елиминирање на стресот кој сам по себе ја зголемува болката, лекување на депресијата, немирот и анксиозноста. Истовремено, овие меридијани се водачи на „чиџу“ (Qi) - виталната енергија што ја има секое живо суштество. Познато е дека меридијаните се оние кои ги поврзуваат акупресурните точки една со друга, а воедно и со внатрешните органи. Исто како што крвните садови се патеки каде крвта физички тече и го одржува телото, меридијаните се канали каде виталната енергија се движи и поминува низ човечкото тело. Тие всушност претставуваат дел од комуникацискиот систем на универзалната животна енергија и ги поврзуваат органите со сите чувствителни, физиолошки и емоционални центри во организмот. Некои куратори ја поврзуваат акупресурата со вежбите за дишење, медитацијата и мудрото (различна положба на рацете), додека други ја комбинираат со растителни екстракти и масажа. Меѓутоа, акупресурата е всушност пресфлекстерапија, која се заснова на стимулирање на механорецепторите со притискање на акупунктурните зони. Правилната примена на оваа терапија подразбира користење на главните принципи на класичната масажа: триење, притискање, вибрации итн., главно се прави со врвот на еден, два или три прста и ретко со површината или основата на целата рака.

Прсти наместо игли

Освен што ја намалува болката, акупресурата помага и за воспоставување на телесната рамнотежа, ја елиминира напнатоста и стресот, кои го спречуваат нормалното функционирање на организмот и делува негативно на имунитетот на организмот. Му овозможува на телото да ги приспособи промените на средината во која постои и на тој начин се спротивставува на болестите.
Кога мускулот е хронично напнат или во грч, мускулните влакна се згрутчуваат поради лачењето на млечна киселина што доведува до исцрпеност, стрес, траума, хемиска нерамнотежа или лоша циркулација. На пример, ако сме под стрес, има потешкотии со дишењето, па така одредени акупресурни точки ја намалуваат напнатоста на белите дробови и помагаат за подобро дишење.
Од друга страна, кога се врши притисок на некое место, мускулната тензија се намалува што им овозможува на влакната да се опуштат и крвта слободно да тече. Тоа овозможува подобро исфрлање на токсините од телото. Токму тоа ја зголемува отпорноста на телото кон болести и овозможува подолг, поздрав и психолошки порелаксиран живот. Акупресурата ги користи истите точки како акупунктурата. Основната разлика е во тоа што во акупунктурата се користат специјални игли, а во акупресурата притисок на рацете, прстите, а во некои техники и стапалата. Предноста на акупресурата е што е многу едноставна и може да се изведува во секое време и секаде. Може да ни помогне кога сме вознемирени, под стрес и кога сакаме да го вратиме внатрешниот мир и рамнотежа.
Обично дејствуваме несвесно. Самите си помагаме дури и кога ги триеме рацете додека не се загреат. Во оваа ситуација се формира магнетно поле кое го поттикнува протокот на животната енергија во телото и ги води духот и телото во состојба на хармонична рамнотежа. Се препорачува, како што велат кураторите, да ги триеме рацете во ладна вода околу 5 минути, за да ја ослободиме останатата негативна енергија.

Акупресурата како помош на медицинската терапија

Иако акупресурата не може да ја замени медицинската терапија, сепак е добар додаток на истата. Тоа е еден од наједноставните начини за подобрување на рамнотежата и духовната хармонија. Може да им помогне на пациентите со рак, да го намали интензитетот на хроничната болка, но сепак да не исчезне стресот, анксиозноста, депресијата и нарушениот сон, кои се јавуваат како резултат на појавата на оваа болест. Акупресурата особено помага во контролата на стресот, кој се појавува кога силните емоции не се изразуваат слободно. Потоа доаѓа до тензија која се депонира на мускулите.
Акупресурата помага во враќањето на емоционалната рамнотежа со ослободување на напнатоста која е предизвикана од силните емоции.