Методија Шаторов-Шарло бр.15/1-10
Аеродром, 1000 Скопје, Северна Македонија
02 2466021
070333235
contact@lasermed.com.mk
laser_med@yahoo.com

Вакум терапија е примена на променлив или постојан притисок на повредениот дел од телото на пациентот. Уредот за вакумска терапија може да се комбинира со уреди за електротерапија и овозможува примена на електротерапија на пациентот преку вакум електроди длабоко во ткивото.

Вакумските електроди лесно се фиксираат „залепени“ на кожата на пациентот со помош на прилагодлив вакум. Посебна предност на овој метод е можноста за фиксирање на електродите на анатомски недостапни места, со што се избегнува употребата на различни фиксатори.

Важноста на третманот е во зголемувањето на снабдувањето со крв до периферните капилари, со што се внесува поголема количина свежа крв богата со кислород и побрзо закрепнување од повредите.

Целиот третман не е болен, а притисокот се одредува врз основа на дијагнозата, клиничката слика и удобноста на пациентот.