Методија Шаторов-Шарло бр.15/1-10
Аеродром, 1000 Скопје, Северна Македонија
02 2466021
070333235
contact@lasermed.com.mk
laser_med@yahoo.com

Киропрактиката е механо-процедура која вклучува мануелна корекција на положбата на зглобовите. Манипулативните техники биле познати пред илјадници години, што може да се види од библиските записи. Припаѓа на признатите интегративни медицински процедури. Секој добар киропрактичар мора да го примени основниот принцип „прво да не се наштети“ - primum non nocere.




Манипулативната техника

Техниката на киропрактика се состои од примена на специфични вештини (со примена на точно одредена, конкретно насочена сила на рацете и телото), вклучувајќи но не ограничувајќи се само на мобилизација и манипулација, кои се користат за враќање на пореметената функција на зглобовите на ’рбетниот столб, со цел на намалување на болката, зголемување на обемот на движењата, олеснување на изведување на движењата, намалување или елиминирање на воспалителните промени на меките структури, доведува до релаксација, подобрување на циркулацијата и исхраната на ткивата, со што се подобрува функцијата на третираната регија. Под пореметена функција во манипулативната медицина се подразбира т.н. функционална блокада на зглобовите, теорија на сублуксација, теорија на влијание на дегенеративните промени, теорија на вклештување на менискусите, неврорефлексната теорија.

Задачата на киропрактичарот е да ја забележи блокадата и да ја отстрани со манипулативна техника, а со тоа и да го отстрани неврофизиолошкиот блок на одредено ниво, за потоа на телото да му се даде можност да го започне природниот процес на заздравување. Така што болката исчезнува или се намалува и се забележува значителна поголема подвижност во третираниот сегмент.

Секогаш треба да се забележи дека работата на киропрактичарот е само почетниот импулс на патот кон заздравувањето. Покрај киропрактиката се комбинира рехабилитацијата со декомпресија на 'рбетот, физикални процедури, а подоцна и со програми за вежбање. Пред секој третман од страна на киропрактичар, мора да се постави прецизна дијагноза, рендген или магнетна резонанца и евентуално други специјалистички прегледи. Релативни контраиндикации за примена на киропрактика се фрактури на коските, некои системски заболувања, пациенти со кардиоваскуларни проблеми и тумори.

Ефекти на киропрактиката

Во споредба со другите методи, киропрактиката се покажа како најефикасна терапија во третманот на дискус хернија на лумбалниот и цервикалниот 'рбет. Секоја хернија води до микросублуксација (поместување) на апофизалните зглобови на соодветниот сегмент. Блискиот контакт на апофизалните зглобови со нервниот корен во пределот на интервертебралниот отвор го објаснува и појавувањето на иритација или компресија на коренот.
Овде како примарен метод во акутната фаза на болеста се користи мануелната мобилизација на 'рбетот. Мануелните техники на меките ткива претставуваат ефективни техники за ослободување од болка, кои може да се применат пред изведување на мануелната мобилизација и манипулација. Мекоста на мускулатурата или лигаментите кои припаѓаат на патолошкиот сегмент кој се третира, овозможува поефикасен мануелен третман на истиот. Покрај рачна мобилизација на мекото ткиво на лумбалниот предел, неопходна е и деблокирање на апофизалните зглобови, деблокирање на сакроилијачните зглобови, репозиционирање на поместениот пршлен и антиинфламаторна терапија.

Знаењето, стручноста и вештините на киропрактичарите е од исклучителна важност за исходот од применетата манипулација.