Методија Шаторов-Шарло бр.15/1-10
Аеродром, 1000 Скопје, Северна Македонија
02 2466021
070333235
contact@lasermed.com.mk
laser_med@yahoo.com

Автор: Снежана Лазаревска | Издавач: Ри-графика | Јазик: Македонски | Година: 2016 | Оригинален наслов: Балнеотерапија со Хумана биоклиматологија | Бр. на страни: 270 | Димензии: Б5 формат | Корица: мека| ISBN:978-608-65948-0-0  | COBISS.MK-ID 100762378 |  Цена: 1000 ден

 

Балнеотерапија со Хумана биоклиматологија

Во книгата „Балнеотерапија со Хумана биоклиматологија” од авторката Снежана Лазаревска на едноставен и сликовит начин е опишана балнеотерапијата како медицинска метода на лекување, што има значаен придонес во областа на повеќе медицински дисциплини, а особено во делот на физотерапијата и медицинската рехабилитација. Бидејќи оваа метода се повеќе наоѓа примена и во превентивната медицина за релаксација, одмор и зачувување на здравјето, несомнена е нејзината широка примена и во секојдневниот живот. Оттаму, проучувањето на механизмите на дејство во балнеотерапијата, начинот на изведување на терапијата и очекуваните тераписки ефекти, има големо значење во модерната медицина денес.
Во содржината која е соодветно систематизирана, авторот ги опишува можните фактори од природата и влијанието на нивните лековити својства, врз физиолошките и патофизиолошките процеси на организмот. Притоа, детално се објаснети моќните природни фактори на балнеоклиматологијата, како што се минералните води, пелоидите и лековитите гасови во бањските лекувалишта како и тераписките потенцијали на климатските лекувалишта.
Затоа, оваа книга претставува голем предизвик за понатамошниот развој на балнеотерапијата кај нас, со оглед на тоа што расположливите природни ресурси се појдовни услови за постигнување и одржување на физичкото и менталното здравје. Според ова, земајќи ги во предвид сите лековити својства и влијанија врз здравјето на балнеотерапијата, оваа книга топло им ја препорачуваме на сите медицински струки кои професионално се занимаваат и ја применуваат физиотерапијата и физикалната рехабилитација кај пациентите со акутни и хронични заболувања, на студентите на физиотерапија и останатите медицински насоки, како и на сите доктори по медицина кои, покрај ординираната терапија, во лекувањето на бројни заболувања ги имаат во предвид и терапевтиците на природата.
И на крајот, оваа книга е добредојдена кај сите оние кои имаат верба во природата, во нејзината лековитост и моќност за да го закрепне здравјето и да го сочува квалитетот на животот и долговечноста.