Методија Шаторов-Шарло бр.15/1-10
Аеродром, 1000 Скопје, Северна Македонија
02 2466021
070333235
contact@lasermed.com.mk
laser_med@yahoo.com

Процес на обука за масажа за почетници

Програмата за почетниците на обуката по масажа, се состои од:
- Историски развој и увод во масажа
- Поделба и видови на масажа
- Индикации и контраиндикации
- Биолошко дејство
- Коскено-мускулен систем
- Масажни зафати и подзафати
- Прием на клиент
- Средства за масажа
- Припрема на масерот.

Цена на обуката за почетници
Во цената влегуваат:
-Скрипта
-Материјал за работа
Обуката трае 16 часови по цена oд 21.700 ден.

Предавањата и вежбите се организираат во врска со слободното време на учесниците, најчесто за викенд. Теоретскиот дел се 4 часа, а практичниот се 12 часа. Еден час трае 45 мин.
Учесниците на обуката се обучени сами да ја спроведат основната масажа.

ДОБИВАТЕ:

  1. Стручна обука со лиценциран физиотерапевт со долгогодишно искуство
  2. Теоретска и практична настава во модерно опремени простории
  3. Скрипта со наставниот материјал
  4. Сертификат

ПРИЈАВУВАЊЕ
Повеќе информации, прашања и пријавување на:
Тел: 070 / 338-754, 02/ 2466-021
E-mail: laser_med@yahoo.com

Подробно објаснување за курсот

Теоретска настава
Теоретските часови вклучуваат 4 часови предавања каде што се опфатени следниве теми:
• Историја на масажа
• Човечка анатомија и физиологија
• Видови на масажи
• Простор и работни површини за масажи
• Производи за масажа
• Подготовка на терапевт-масер за изведување на масажи
• Факти за масажа
• Индикации и контраиндикации за масажа

Практична настава
Во прилог на стекнатото теоретско знаење и некое претходно знаење за масажа, вештината на идните масери се стекнува со прикажување на точни начини за изведување на техниките на движењата, со објаснување за секој сегмент на телото и тоа:
• почетната позиција на телото на масерот;
• почетната положба на рацете и прстите;
• насока на движењата за масажа;
• ритам на изведување на движењата;
• интензитетот на движењето на масажата;
• пасивни движења во сите сегменти на телото.

Техниките за масажа се прикажани од позиција на грбот и абдоменот. На крајот на нашиот курс за масажа, останува на секој масер да комбинира што ќе примени од стекнатото знаење за време на масажата.

Масер претставува личност која со помош на рацете или со некои специјални уреди влијае на напнатоста на мускулите на телото. Тој со помош на масажните зафати ги релаксира мускулите, ја намалува болката и ја подобрува функционалноста на одредени делови од телото. Тој, внимава и на изгледот на кожата, при што применува разни начини за нега на кожата, детоксикација, отстранување и спречување на целулит. Целта на третманот е масерот преку масажата да влијае на подобрување на циркулацијата на крвта, да се намалат проблемите во одредени делови од телото и секако да се подобри расположението на вашиот клиент.
Масерот треба да има чувство за ритам и чувство со кое би ги координирал своите движења и ќе обезбеди олеснување со соодветен притисок врз одредени делови од телото, така што прецизноста е многу неопходна. Исто така, една од основните работи е трпеливоста и можноста да се слушаат и разбираат потребите на клиентот, а издржливоста и силата секако се пожелни.
Масажите можат да се поделат на неколку типа: спортска масажа, козметичка масажа, терапевтска масажа и релаксациона масажа. Тие може да се изведуваат во бањи, болници, козметички салони, спа центри....