Методија Шаторов-Шарло бр.15/1-10
Аеродром, 1000 Скопје, Северна Македонија
02 2466021
070333235
contact@lasermed.com.mk
laser_med@yahoo.com

ЗАВРШНА КОНФЕРЕНЦИЈА на проектот “Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид-19”

Центарот за физикална и кинезитерапија ,,Ласер Мед,, Скопје, претставуван од Д-р сци Снежана Лазаревска, учествуваше на завршната конференција на проектот “Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид-19” и упатува благодарност до Центарот за управување со промени – ЦУП, за укажаната можност за учеството во проектот.

 

Настанот го отворија сопругата на Претседателот на РСМ г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска, Извршната директорка на ЦУП г-ѓа Неда Малеска Сачмароска, проектната координаторка во ЦУП г-ѓа Јасна Пајковска, претставникот на канцеларијата на USAID North Macedonia г-дин James Stain и градоначалникот на Општина Охрид г-дин Кирил Пецаков.

         

Во рамки на конференцијата се одржаа и две панел дискусии од кои едната е на темата “презентација на резултатите од проектот” а другата на тема “предлог политики за развој на женското претприемништво”.
 
 

           

Во рамки на панелите претприемачките учеснички во менторската програма имаа можност да ги споделат своите искуства.

 
После панел дискусиите се одржа изложбениот дел на конференцијата – базар на жени занаетчии на главниот плоштад во Охрид.
______________________
Конференцијата е организирана во рамки на проектот Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид-19 имплементиран од ЦУП а поддржан од Balkan Trust for Democracy и канцеларијата на УСАИД во РСМ