МУСКУЛОСКЕЛЕТНА УЛТРАСОНОГРАФИЈА – Континуирана едукација во областа на физикална терапија и медицинска рехабилитација
Во склоп на континуирана професионална едукација во нашата Установа, Д-р сци Снежана Лазаревска во период од 23 – 26 Јуни 2022 год. учествуваше на обука за Мускулоскелетна Ултрасонографија, во организација на ,,ИНСТЕМА,, Институтот за постдипломска едукација во физикална терапија во Валенсија-Шпанија.
Голема благодарност на извонредната спроведена обука под водство на Професорот Д-р Адриан Бенито Доминго од Шпанската групација ,,МУП,, Мускулоскелетна Ултрасонографија во Физикална Терапија и честитки за беспрекорната организација од страна на организаторите.
Ласер Мед континуирано ги следи сите иновативни интернационални достигнувања во областа на физикална терапија и медицинска рехабилитација со тенденција кон континуиран професионален развој и имплементација на најсовремените рехабилитациони методи и техники за добробит на нашите клиенти.
КОНТИНУИРАНА ПРОФЕСИОНАЛНА ЕДУКАЦИЈА Е ДОЖИВОТНА ВО МЕДИЦИНСКАТА ПРАКТИКА