ФАСЦИЈАЛНА МАНИПУЛАЦИЈА – Континуирана едукација во областа на физикална терапија и медицинска рехабилитација
Континуирана професионална едукација во нашата Установа се збогати со уште една стручно усовршување. Во период од 16 – 21 Август 2022 год, Д-р сци Снежана Лазаревска учествуваше на обука за Фасцијална манипулација, во организација на ,,STECCO,, Институтот за Фасцијална Манипулација во Падова – Италија.
Обуката беше спроведена под водство на Проф. д-р Антонио Стеко.
Уште едно ново патување низ светот на Фасцијата. Збогатување со нови сознанија, откривање нови пристапи и надополнување на техниката во третман на фасцијата со цел функционална реставрација на изменетиот фасцијален систем и постигнување уште подобри резултати во лекувањето на нашите пациенти.
СЕКОЈА НОВА АВАНТУРА НИЗ ЧАРОБНИОТ СВЕТ НА ФАСЦИЈАТА ОДНОВО ФАСЦИНИРА ПО СВОЈОТ УЧИНОК