Методија Шаторов-Шарло бр.15/1-10
Аеродром, 1000 Скопје, Северна Македонија
02 2466021
070333235
contact@lasermed.com.mk
laser_med@yahoo.com

Важноста на РЕХАБИЛИТАЦИЈАТА кај плато тибијална фрактурa

Зглобот на коленото (аrt.genu) е еден од најсложените зглобови во човечкиот организам. Тој ги поврзува кондилите на бутната коска со кондилите на тибијата и пателата. Тибијално плато е проксималниот артикуларен дел на тибијата.

Повредите на овој зглоб и на составните негови делови се чести поради неговата мобилност како и целосниот пренос на телесната тежина.

Кои се ризик фактори за настанување на оваа фрактура?

  • Високо енергетски трауми кај помлади лица и тоа:

Сообраќајни несреќи,

– Скокање со падобранец,

– Ударни спортови,скијање и сл.

  • Ниско енергетски трауми кај по стари лица и тоа

– Остеопороза

– Сплит повреди

Механизам на повреда

  • Удар од латералната страна на коленото при фиксирано стапало односо абдукцуионен –валгус тип.
  • Удар од медијална страна на коленото односно аддукционен ,,О” тип.
  • Аксијална компресија по оската на двете коски.

Класификација на плато-тибијалната фрактура:

Постојат повеќе класификации, но највеќе се употребува класификацијата на Schatzker и АО класификацијата.

По  класификацијата на  Schatzker, разликуваме 6 типа:

1.Тип I или минимално поместена фрактура– Ова најчесто се јавува кај млади пациенти со силна коска, која се спротивставува на депресијата.

2.Тип II или фрактура со поделена компресија (или депресија), се гледа кога фрактурата на латералната плато станува депресивна. Фрактури од тип II често се јавуваат кај пациенти со остеопороза или лош квалитет на коските.

3.Тип III или ниско енергетски фрактури, кои вклучуваат постари и остеопоротични пациенти каде што има централна или периферна депресија на латералното плато без клинеста фрактура забележана кај тип I и тип II. Тоа е повреда на „чиста депресијa”.

4.Тип IV фрактура на медијално плато носи најлоша прогноза од сите видови. Ова се должи на поврзаната повреда на меките ткива што често се случува. Може да се јави кај постари пациенти со ниско енергетска повреда, бидејќи медијалното тибијално плато се распаѓа на фрагменти или кај млади луѓе настрадани во несреќи при голема брзина.

5.Тип V или поделена бикондиларна фрактура– фрактура на латералното и на медијалното тибијално плато, обично со латерална депресија.

6.Тип VI бикондиларна фрактура е фрактура со дисоцијација на дијафизата од метафизата

Лекување

  • Конзервативен начин

Доколку се покаже дека има поместување на фрагментот, се врши репозиција, а доколку нема поместување на фрагментот во такви случаи, не е потребна репозиција. Во повеќето случаи, потребно е репозиција, за да се вратат луксираните или сублуксираните фрагменти во соодветната анатомска и функционална положба пред имобилизацијата.

  • Хируршки начин на лекување

Со овој метод на лекување се постигнува анатомска репозиција на коскените фрагменти, преку отворен пристап со хируршки рез на кожата и поткожното ткиво.

Физикален третман при рехабилитација на пациенти со фрактура на тибијално плато

Рехабилитацијата е најважниот процес кој му помага на пациентот да постигне максимални физички, ментални, социјални, професионални, рекреативни и образовни вештини во однос на физиолошко или анатомско оштетување и ограничување.

Рехабилтитацијата се дели во неколку фази и тоа:

  • Фаза 1-максимална заштита
  • Фаза 2 прогресивно истегнување и зајакнување                       
  • Фаза 3 фаза на зајакнување и проприорецепцја
  • Фаза 4 напредно зајакнување и плиометриски вежби
  • Фаза 5 Враќање на функционалната способност во спорт

Целта на физикалната терапија е да се забрза процесот на создавање на калус, да се подобри исхраната на таа зона како и побрзо да се врати функционалноста на коленото. Од физикалните процедури се користи електро терапија, ласеро терапија, магнето терапија и ултразвучна терапија.

Најважен дел од рехабилитациониот процес е кинезитерапијата, односно вежбите кои имаат за цел да ја вратат потполно функционалноста на зглобот и целосно враќање во секојдневните активности.

Според целта за која се изведуваат, вежбите се делат на:

– вежби за опсег на движење,

– вежби за сила, координација,

– вежби проприоцепција,

-вежби за издржливост итн.

Степенот на закрепнување често ќе зависи од количината на напор што е подготвен да го вложи самиот пациент во тековната  рехабилитација. Вежбите може да бидат прилично напорни на почетокот, но важно е да се одржи движењето во коленото и силата во мускулите особено во надколената регија на квадрицепсите.

     

 

Напредни вежби кои се применуваат во  подоцнежните фази:
 
• Целосна флексија и екстензија на коленото ROМ
• Јачина 80% од незафатена нога до 16-та недела
• Се зголемува јачината на глуждот, коленото, колкот .
• Скоро сите тежински вежби за  нога во теретана пр.преса;
• 4-насочена прогресија на колкот
• Мостови, чучњеви
• Лунгови, сквотови

 

“Примената на физикалната терапија и кинезитерапијата се едни од најважните третмани за рехабилитација и побрзо нормализирање на секојдневните активности.“