Методија Шаторов-Шарло бр.15/1-10
Аеродром, 1000 Скопје, Северна Македонија
02 2466021
070333235
contact@lasermed.com.mk
laser_med@yahoo.com

ЦЕРВИКОБРАХИЈАЛЕН СИНДРОМ – многу чест здравствен проблем кај современиот човек

Што претставува Цервикобрахијален сидром ?

  • Цервикобрахијалниот синдром претставува  група на симптоми кои се манифестираат со болка и вкочанетост во вратот, рамениот појас , главоболка, болка долж едната или двете раце и трнење во рацете. Познато е и како цервикобрахиалгија  поради  што има компресија на брахијалниот плексус  (група) нерви кои излегуваат од цервикалниот ‘рбет, се протегаат до рамото, по должината на раката и завршуваат во рака.

       

 

 

Најчесто се јавува кај пациенти кои седат долго време на работните места поради долготрајната неповолна положба на вратот во текот на работниот ден. ИТ специјалисти, администратори, економисти, правници, менаџери се едни од најчестите професии каде овој синдром често се јавува.

 

 

Причините за цервикобрахијален синдром може да бидат:

  • дегенеративни промени на цервикалниот ‘рбет,
  • дископатија или дискус херниjа во цервикалниот ‘рбет,
  • долготрајна статична положба и лошо ергономски поставеност на главата и вратот.

 

 

Симптоми и дијагноза на цервикобрахијалниот синдром

  • болка во вратот и целата регија на цервикалниот ‘рбет,
  • болка која се зголемува за време на активност,
  • болка која се интензивира во текот на ноќта и го попречува сонот,
  • вкочанетост и намалена подвижност на цервикалниот ‘рбет,
  • болка долж рацете,
  • трнење во рацете,
  • слабост во рацете,
  • губење на силата во рацете,
  • работите паѓаат од раце,
  • главоболки.

 

   

 

Физикална терапија и рехабилитација

Цели на физикална терапија кај цервикобрахијален синдром:

  • намалување / елиминирање на болката во цервикалниот ‘рбет и по должината на раката,
  • намалување / елиминирање на трнењето во рацете,
  • целосно елиминирање на вкочанетоста на вратот и цервикалниот ‘рбет,
  • враќање на оптималната сила на раката,
  • подобрување на квалитетот на спиење на пациентот,
  • ослободување од главоболките.

Видови на терапија и нивното дејство:

  • Физиаклната терапија – делува во подобрување на циркулацијата и исхраната на ткивата, мускулите и нервите и на тој начин се намалува болката и трнењето на рацете,

 

  • Dry needling – се користи за ослободување на мускулите на вратот и рамената, ја зголемува подвижноста на цервикалниот ‘рбет, ја намалува болката во пределот на вратот и рацете и ја стимулира регенерацијата на ткивата,

  • Киропрактика – работи со моментално зголемување на мобилноста во пределот на цервикалниот ‘рбет и овозможување на пациентот слободно да изведува вежби за рехабилитација, а исто така ја подобрува нервната спроводливост на брахијалниот плексус со намалување на нервната компресија

  • Кинезитерапија
  • вежби за мобилност – ја зголемуваат флексибилноста и подвижноста во пределот на цервикалниот ‘рбет и мускулатурата на вратот и рамената
  • вежбите за сила ја враќаат силата и нормалната функција на вратот, рамената и рацете.

 

“За подобар и поквалитетен живот без болка, најважно е навремено да реагирате на симптомите и да започнете со правилна рехабилитација и превенција.”