Методија Шаторов-Шарло бр.15/1-10
Аеродром, 1000 Скопје, Северна Македонија
02 2466021
070333235
contact@lasermed.com.mk
laser_med@yahoo.com

Различни состојби, болести и трауми на главата, може да го оштетат нервниот систем, како централниот така и периферниот, засегнувајќи ги на тој начин движењето, координацијата и балансот. Физикалната терапија е екстремно важна кај луѓе со невролошки заболувања. Таа има за цел да им ги подобри подвижноста, независноста и секојдневното автономно функционирање.

Што е невролошка рехабилитација?

Неврорехабилитација е медицинска дисциплина која се занимава со функционално закрепнување на пациенти погодени од болести на централниот и/или периферниот нервен систем, која има за цел, колку што е можно, да ги опорави сензорно-моторните и когнитивните дефицити и да ги ограничи поврзаните попречености.

Кои невролошки состојби може да се третираат со физикална терапија?

  1. Проблеми со рамнотежата/ нестабилност/ чести паѓања;
  2. Вртоглавици;
  3. Повреди на главата/ трауматски повреди на мозокот;
  4. Мозочни удари;
  5. Мултипла склероза;
  6. Паркинсонова болест и други растројства на движењето;
  7. Церебрална парализа
  8. Парези и парализи на периферните нерви
  9. Параплегии и квадриплегии и др.

Кои се целите на невролошката рехабилитација?

  1. Зголемување на автономноста и независноста на пациентот;
  2. Да се зголеми безбедноста на пациентот во домот и во заедницата;
  3. Да се подобри ефикасноста на движењата;
  4. Да се намали ризикот од чести паѓања;
  5. Да се оптимизира силата, флексибилноста и координацијата

На кој начин помага невролошката рехабилитација?

Невролошката рехабилитација помага во повторното стекнување на загубените функции, стекнување на независност во секојдневното функционирање и подбрување на квалитетот на животот како на пациентот така и на членовите на најблиското семејство, како и интеграција во општествениот живот.

Кај кои невролошки заболувања се применува невролошка рехабилитација?

Мозочни удари/ повреди на главата

  • Повторно стекнување на загубените функции
  • Повторно учење на заборавените движења и редуцирање на компензацијата
  • Подобрување на стабилноста и флексибилноста
  • Редуцирање на спастицитетот
  • Намалување на ризикот од паѓање

Мултипла склероза

  • Подобрување на флексибилноста и намалување на спастицитетот
  • Подобрување на балансот и рамнотежата
  • Подобрување на функционалната подвижност
  • Намалување на регресијата

Паркинсонова болест

  • Подобрување на ефикасноста и брзината на движењата
  • Редуцирање на мускулниот тонус и спастицитетот
  • Подобрување на флексибилноста
  • Подобрување на балансот и рамнотежата
  • Подобрување на постурата и држењето на телото
  • Подобрување на фините моторни движења
  • Намалување на тресењето

Вртоглавици/ Вертиго

  • Техники за редуцирање на вртоглавиците
  • Подобрување на стабилноста и рамнотежата
  • Стабилизација на нистагмусот

Пареза на периферни нерви

  • Пареза н.Фациалис (Белова парализа)
  • Пареза н.Перонеус, н.Улнарис и др.