Методија Шаторов-Шарло бр.15/1-10
Аеродром, 1000 Скопје, Северна Македонија
02 2466021
070333235
contact@lasermed.com.mk
laser_med@yahoo.com

Рефлексологијата или зонската терапија е масажа на стапалата која се прави со цел да се постигне терапевтски ефект на остатокот од телото или да се подобри целокупното здравје на личноста.

 

Рефлексологијата е древна вештина за лекување која се заснова на лекување на рефлексните зони на стапалата и рацете, а е погодна за сите делови од телото, сите органи и жлезди.
Таа се занимава со нервите, односно нивните краеви на стапалата и рацете кои одговараат на некои специфични точки на телото. Стапалата се совршен микро-акупунктурен систем на кој топографски се испечатени сите делови од телото и сите органи. Оваа врска се врши преку меридијална патека. Човечкото тело е поделено на 10 вертикални зони или меридијани кои се наоѓаат и поминуваат низ прстите до мозокот и прстите. Овие зони завршуваат на стапалата, а секој орган има свое место. Нервните завршетоци кои завршуваат на стапалата испраќаат информации по должината на рбетот и од таму до останатите делови од телото.
Стимулацијата на различни точки (зони) на стапалата влијае на воспоставување на нормален енергетски проток на органите и жлездите. Тешкотиите, лошите состојби и одредени болести кои
се појавија поради блокираната енергија и премногу токсини во телото, ефикасно се лекуваат. Успешно би можело да спречи и ублажи различни форми на секојдневни тешкотии, како што се:
главоболка, исцрпеност, психосоматски потешкотии како и елиминирање на стресот, релаксирање и воспоставување психофизичка рамнотежа.
Поволно делува кај белодробните заболувања и ја подобрува функцијата на дигестивниот систем и перисталтиката на цревата. Исто така, одлично делува на несоница, егземи и различни
алергиски реакции, влијае на дисменореја, дерматолошки проблеми и ги ублажува болките во грбот и коските. Општата состојба на организмот се подобрува многу брзо, бидејќи масажата ја подобрува циркулацијата на крвта и лимфата кои го регулираат исфрлањето на стресот од организмот (ревитализација на органите).
Рефлексологијата е идеална за луѓе кои се вклучени во тешка физичка работа или се подложни на стрес на работното место.
Масажата на стапалата влијае на сите органи на телото и прави „чуда“.
Првите знаци на овој третман се забележани во Кина пред 5000 години.