Вендузи терапија е древен метод кој датира уште пред 5000 год. во кинеската и индијската култура. Тоа е техника која користи мали стаклени чаши за вшмукување т.е. вакуум на кожата.
Вендузи или cupping претставува миофасциална декомпресија или вакуум терапија, чие дејство се должи на намалување на притисокот на поткожното ткиво.
Постојат неколку теории за промените на мобилноста на меките ткива под дејство на вакуум терапијата:
• стимулација на фибробласти, активирање во рамките на сврзното ткиво за да овозможи оптимално задржување на водата;
• активирање на механорецепторите кои се стимулираат од примената на надворешната сила која предизвикува одговор од нервниот систем;
• предизвикува промена на електролитите и електричните потенцијали низ клеточните мембрани на клетките и влијаат во јонската рамнотежа и јонската спроводливост во ткивата;
• зголемување на крвотокот во тој дел, а со тоа се зголемува кислородната сатурација......
Вендузи е многу сличен на инверзивната масажа, наместо примена на притисок на мускулите, користи нежен притисок да ги повлече нагоре, коj за повеќето пациенти е чувство на релаксација и ослободување.
Еден од најдобрите терапии на длабоко ткивно делување, се смета дека може да делуваат и до 10см. длабина на ткивата под кожата.
Негативниот притисок создаден од страна на вшмукувањето на точките кои се користат во акупунктурата, стимулира зголемување на протокот на Чи и крвта низ меридијаните со цел да се релаксираат затегнатите мускули, да се намали болката, за детоксикација и подобри функцијата на органите.
Оваа терапија се користи за намалување на болки во грбот и вратот, вкочанети мускули, анксиозност, замор, мигрена, ревматизам, па дури и целулитот.
Постојат два типа на вендузи: сува и влажна.
Сува вендузи
Сувата вендузи е метод на вакуум на одредени точки на телото. Вакуумот може да се создаде со помош на топлина (загревање на чашата), така што ладењето на воздухот во внатрешноста на чашата го создава вакуум, т.е. ја подигнува кожата нагоре.
Покрај стаклените чаши, има силиконски, чаши со воздушна пумпа на сифонот за вадење на воздухот, бамбусови и глинени чаши.
Влажна вендузи
Влажната вендузи терапија претставува засекување на кожата и апликација на чашата во таа зона, со цел да се исшмука крвта.
Вообичаено се користат , од 4 до 6 чаши, околу 15 до 20 минути.
Во спортот вендузи терапијата се користи за одржување на мускулите, пред и после повреди, за детоксикација и обновување на ткивата. Тоа ја зголемува мускулната издржливост, дури се зголемува и обемот на подвижност во зглобовите за 10-15 степени, делува како и лимфна дренажа.
• Индикации:
- ревматизам и ревматоиден артрит; болки во грбот, вратот и рамото, ишиалгична болка; едем; намалена или слаба циркулација на определени зони; целулит; гихт.
• Контраиндикации:
- оштетена кожа и кожни болести, бременост, воспаленија или болни органи, фебрилни состојби.