ЗАВРШНА КОНФЕРЕНЦИЈА на проектот “Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид-19”
Центарот за физикална и кинезитерапија ,,Ласер Мед,, Скопје, претставуван од Д-р сци Снежана Лазаревска, учествуваше на завршната конференција на проектот “Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид-19” и упатува благодарност до Центарот за управување со промени – ЦУП, за укажаната можност за учеството во проектот.
Настанот го отворија сопругата на Претседателот на РСМ г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска, Извршната директорка на ЦУП г-ѓа Неда Малеска Сачмароска, проектната координаторка во ЦУП г-ѓа Јасна Пајковска, претставникот на канцеларијата на USAID North Macedonia г-дин James Stain и градоначалникот на Општина Охрид г-дин Кирил Пецаков.
Во рамки на панелите претприемачките учеснички во менторската програма имаа можност да ги споделат своите искуства.