Методија Шаторов-Шарло бр.15/1-10
Аеродром, 1000 Скопје, Северна Македонија
02 2466021
070333235
contact@lasermed.com.mk
laser_med@yahoo.com

МУСКУЛОСКЕЛЕТНА УЛТРАСОНОГРАФИЈА –  Континуирана едукација во областа на физикална терапија и медицинска рехабилитација

Во склоп на континуирана професионална едукација во нашата Установа, Д-р сци Снежана Лазаревска во период од 23 – 26 Јуни 2022 год.  учествуваше на обука за Мускулоскелетна Ултрасонографија, во организација на ,,ИНСТЕМА,, Институтот за постдипломска едукација во физикална терапија  во Валенсија-Шпанија.

 

Голема благодарност на извонредната спроведена обука под водство на Професорот Д-р Адриан Бенито Доминго од Шпанската групација ,,МУП,, Мускулоскелетна Ултрасонографија во Физикална Терапија и честитки за беспрекорната организација од страна на организаторите.

                     

Ласер Мед континуирано ги следи сите иновативни интернационални достигнувања во областа на физикална терапија и медицинска рехабилитација со тенденција кон континуиран професионален развој и имплементација на најсовремените рехабилитациони методи и техники за добробит на нашите клиенти.

 

              

 

 

КОНТИНУИРАНА ПРОФЕСИОНАЛНА ЕДУКАЦИЈА Е ДОЖИВОТНА ВО МЕДИЦИНСКАТА ПРАКТИКА