ЧУВСТВОТО НА ЗАДОВОЛСТВО – Дали Ви се допаѓа?
Кој ни помага во ова?
Неговото Височество #Dopamin
Допаминот е важен невротрансмитер во мозокот кој има многу функции. Во основа, тој делува како хемиски гласник помеѓу невроните (нервните клетки).
Кога ќе поврзете одредена активност со задоволство, само исчекувањето може да биде доволно за да го подигне нивото на допамин.
А што може да не задоволи? Храна, секс, спорт, танцување, шопинг или било што друго во кое уживаме може да предизвика чувство на задоволство.
Кога се ослободува во големи количини, допаминот создава чувство на задоволство и награда, што не мотивира да повториме одредено однесување.
Спротивно на тоа, ниските нивоа на допамин се поврзани со намалена мотивација и намален ентузијазам за работи кои би ги возбудиле повеќето луѓе.
КАКО ДА СЕ СТИМУЛИРА ЛАЧЕЊЕТО НА ДОПАМИНОТ?
1. Редовно вежбајте
2. Спијте доволно
3. Слушајте музика
4. Медитирајте
5. Земете малку сонце
6. Јадете повеќе протеини
7. Исклучете ги заситените масти од исхраната
8. Јадете повеќе мешунки
9. Консумирајте пробиотици (цревата се нарекуваат „втор мозок”, бидејќи содржат голем број нервни клетки, кои произведуваат многу невротрансмитери, вклучувајќи го и допаминот)
10. Земете суплементи: железо, ниацин, фолна киселина, витамин Б6, магнезиум, витамин Д, куркума и зелен чај.
Но има уште нешто…🤔
Употребата на паметни телефони, односно социјалните мрежи е поврзана со зголемено лачење на допамин, но за да не станеме зависни од социјалните мрежи, односно од чувството на задоволство кое не обзема кога ќе добиеме лајк на фотографија, ограничете го дневното користење на социјалните мрежи до неколку часа и практикувајте: излегување надвор, вежби за дишење на чист воздух, трчање, пливање, сончање, пиење кафе со пријател, разменување бакнежи, прегратки…..и секако РЕЛАКСАЦИОНА МАСАЖА во Ласер Мед.
#задоволство #Dopamin #масажа #релаксација #massage #relaxation massage #satisfaction #exercise #вежбање