Методија Шаторов-Шарло бр.15/1-10
Аеродром, 1000 Скопје, Северна Македонија
02 2466021
070333235
contact@lasermed.com.mk
laser_med@yahoo.com

Визија

Да се биде компанија која привлекува, наградува и задржува висококвалификуван персонал за физикална терапија. Нашиот проактивен пристап кон развојот на најдобрите деловни практики и промоција на ефективни методи на лекување ќе ни помогне да го постигнеме ова.

Филозофија

Ласер Мед е посветена на обезбедување висококвалитетни амбулантски услуги за физикална терапија во најсовремени устлови.

Како лидер во здравствените услуги соработуваме со заедницита на која служиме. Нашиот фокус на континуираното образование на нашите физиотерапевти гарантира дека нашите физиотерапевти ги знаат и применуваат најсовремените третмани и техники за рехабилитација на сите видови повреди и состојби.

Нашата мисија

Ние сме посветени професионалци во примарната здравствена заштита и им помогнеме на нашите клиенти да продолжат со нивната доживотна потрага по здравје и благосостојба.

Висок квалитет

Практикуваме целно-ориентиран пристап кон лекувањето. Кои и да се целите на нашите клиенти, тука сме да помогнеме.

Грижа за пациентите

Обезбедиме практичен третман, што ќе ви овозможи да станете активен учесник во вашето закрепнување и идно физичко здравје.

Професионални услуги

Нашите физиотерапевти имаат комбинирано долгогодишно клиничко искуство и заедничка страст да и помогнат на заедницата да остане активна.

image-divider

Нашиот тим

Д-р сци Снежана Лазаревска

Кинезиолог - Физиотерапевт

Мојот професионален пат започна по завршувањето на студиите на Белградскиот Универзитет и продолжи низ стручна надоградба, до стекнување на академската титула Доктор на науки по Кинезиологија. Континуираната едукација не прекина ниту по две и пол децениска практика, бидејќи основен постулат на мојата професионална ориентираност е континуирано усовршување, истражување и имплементација на најсовремени иновативни рехабилитациони методи и техники, се со цел брзо и успешно враќање на функционалноста на нашите клиенти.

Олгица Стојковски

Дипломиран Физиотерапевт

Во Ласер Мед работам од 2006 година, непосредно по дипломирањето на Медицинскиот колеџ во Софија. Работата ми претставува предизвик кој ме води кон нови искуства и амбиции за надградба во професијата во интерес на здравјето на клиентите.

Анета Јанева

Дипломиран физиотерапевт

Да се помага на луѓето е привилегија, па токму затоа и решив да се насочам кон лекување на пациентите на кои тоа им е потребно. Здравјето на пациентите секогаш е во прв план, а за мене нивната насмевка и задоволство се чекор напред во мојата професија.