Методија Шаторов-Шарло бр.15/1-10
Аеродром, 1000 Скопје, Северна Македонија
02 2466021
070333235
contact@lasermed.com.mk
laser_med@yahoo.com

МАСАЖА – Курс по Основи на Масажа

Нашата Установа во склоп на имплементација на Обуки од областа физикална терапија и медицинска рехабилитација во период од 28-29.09. 2024 година,  успешно го реализираше Курсот по Основи на Масажата.

   

           

Обуката беше спроведена под водство на Инструкторката: Дипл. Фт. Олгица Стојковски.

 

     

Им честитаме на учесниците на успешно совладаните вештини на Масажната техника која датира уште од древното време, а во која и денес популацијата го пронаоѓа лекот за бројни здравствени проблеми, опуштање и релаксација.

Воедно на учесниците им посакуваме успешна работа и задоволни клиенти.

СВЕТСКИ КОНГРЕС ЗА ОСТЕОПОРОЗА, ОСТЕОАРТРИТИС И МУСКУЛОСКЕЛЕТНИ ЗАБОЛУВАЊА – 11-14 Април 2024, Лондон, Англија

   

Во склоп на континуирана професионална едукација во нашата Установа, Д-р сци Снежана Лазаревска во период од 11-14 Април 2024 год. активно учествуваше на Светскиот Конгрес за остеопороза, остеоартритис и мускулоскелетни заболувања, кој се одржа во х.Хилтон Метропол, Лондон, Обединето Кралство – Англија

                    

 

На Конгресот учествуваа еминентни медицински професионалци од целиот свет, 9755 учесници и беа претставени најнови достигнувања во дијагностика, лекување, медицинска рехабилитација и научни истражувања во областа на остеопорозата, остеоартрозата и мускулоскелетни заболувања.

                                         

Д-р сци Снежана Лазаревска нашата Установа ја претстави со научно истражување:

SIGNIFICANCE OF EARLY REHABILITATION AND APPLICATION OF MYOFASCIAL MANIPULATION IN LUMBAR SYNDROME

                              

И како коавтор на два труда:

STRESS FRACTURE OF BASE OF FIFTH METATARSAL BONE IN A PATIENT WITH OSTEOPOROSIS AND ESSENTIAL THROMBOCYTHEMIA (ET)

PAIN RELIEF AND IMPROVED QUALITY OF LIFE AFTER SWITCHING ORAL BIPHOSPONATE TREATMENT TO DENOSUMAB IN PATIENT WITH OSTEOPOROTIC MULTIPLE VERTEBRAL FRACTURES

           

 

ЧУВСТВОТО НА ЗАДОВОЛСТВО – Дали Ви се допаѓа?

Кој ни помага во ова

Неговото Височество #Dopamin

Допаминот е важен невротрансмитер во мозокот кој има многу функции. Во основа, тој делува како хемиски гласник помеѓу невроните (нервните клетки).

Кога ќе поврзете одредена активност со задоволство, само исчекувањето може да биде доволно за да го подигне нивото на допамин.

А што може да не задоволи? Храна, секс, спорт, танцување, шопинг или било што друго во кое уживаме може да предизвика чувство на задоволство.


                               

Кога се ослободува во големи количини, допаминот создава чувство на задоволство и награда, што не мотивира да повториме одредено однесување.

Спротивно на тоа, ниските нивоа на допамин се поврзани со намалена мотивација и намален ентузијазам за работи кои би ги возбудиле повеќето луѓе.

КАКО ДА СЕ СТИМУЛИРА ЛАЧЕЊЕТО НА ДОПАМИНОТ?

1. Редовно вежбајте

2. Спијте доволно

3. Слушајте музика

4. Медитирајте

5. Земете малку сонце

6. Јадете повеќе протеини

7. Исклучете ги заситените масти од исхраната

8. Јадете повеќе мешунки

9. Консумирајте пробиотици (цревата се нарекуваат „втор мозок”, бидејќи содржат голем број нервни клетки, кои произведуваат многу невротрансмитери, вклучувајќи го и допаминот)
10. Земете суплементи: железо, ниацин, фолна киселина, витамин Б6, магнезиум, витамин Д, куркума и зелен чај.

Но има уште нешто…?

Употребата на паметни телефони, односно социјалните мрежи е поврзана со зголемено лачење на допамин, но за да не станеме зависни од социјалните мрежи, односно од чувството на задоволство кое не обзема кога ќе добиеме лајк на фотографија, ограничете го дневното користење на социјалните мрежи до неколку часа и практикувајте: излегување надвор, вежби за дишење на чист воздух, трчање, пливање, сончање, пиење кафе со пријател, разменување бакнежи, прегратки…..и секако РЕЛАКСАЦИОНА МАСАЖА во Ласер Мед.

#задоволство #Dopamin #масажа #релаксација #massage #relaxation massage #satisfaction #exercise #вежбање

ЦЕРВИКОБРАХИЈАЛЕН СИНДРОМ – многу чест здравствен проблем кај современиот човек

Што претставува Цервикобрахијален сидром ?

  • Цервикобрахијалниот синдром претставува  група на симптоми кои се манифестираат со болка и вкочанетост во вратот, рамениот појас , главоболка, болка долж едната или двете раце и трнење во рацете. Познато е и како цервикобрахиалгија  поради  што има компресија на брахијалниот плексус  (група) нерви кои излегуваат од цервикалниот ‘рбет, се протегаат до рамото, по должината на раката и завршуваат во рака.

       

 

Read More

МАСАЖА – Курс по Основи на Масажа

Нашата Установа во склоп на имплементација на Обуки од областа физикална терапија и медицинска рехабилитација во период од 22-23.07 2023 година,  успешно го реализираше Курсот по Основи на Масажата.

 

   

Обуката беше спроведена под водство на Инструкторката: Дипл. Фт. Олгица Стојковски

 

 

Им честитаме на учесниците на успешно совладаните вештини на Масажната техника која датира уште од древното време, а во која и денес популацијата го пронаоѓа лекот за бројни здравствени проблеми, опуштање и релаксација.

Read More

ФАСЦИЈАЛНА МАНИПУЛАЦИЈА – Континуирана едукација во областа на физикална терапија и медицинска рехабилитација

Континуирана професионална едукација во нашата Установа се збогати со уште една стручно усовршување. Во период од 16 – 21 Август 2022 год, Д-р сци Снежана Лазаревска учествуваше на обука за Фасцијална манипулација, во организација на ,,STECCO,, Институтот за Фасцијална Манипулација во Падова – Италија. 

  

Обуката беше спроведена под водство на Проф. д-р Антонио Стеко.


Read More

Рехабилитација кај ПАРЕЗА НА ЛИЦЕВ НЕРВ – Белова Пареза

Парезата на лицевиот нерв е релативно честа состојба која се манифестира со акутно настаната слабост на мускулите на едната половина на лицето. Лицевиот нерв е значаен за комуникација и емоционална експресија. Оштетувањето на неговата функција може значително да го наруши квалитетот на животот.

Read More

МУСКУЛОСКЕЛЕТНА УЛТРАСОНОГРАФИЈА –  Континуирана едукација во областа на физикална терапија и медицинска рехабилитација

Во склоп на континуирана професионална едукација во нашата Установа, Д-р сци Снежана Лазаревска во период од 23 – 26 Јуни 2022 год.  учествуваше на обука за Мускулоскелетна Ултрасонографија, во организација на ,,ИНСТЕМА,, Институтот за постдипломска едукација во физикална терапија  во Валенсија-Шпанија.

 

Голема благодарност на извонредната спроведена обука под водство на Професорот Д-р Адриан Бенито Доминго од Шпанската групација ,,МУП,, Мускулоскелетна Ултрасонографија во Физикална Терапија и честитки за беспрекорната организација од страна на организаторите.

                     

Read More

ЗАВРШНА КОНФЕРЕНЦИЈА на проектот “Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид-19”

Центарот за физикална и кинезитерапија ,,Ласер Мед,, Скопје, претставуван од Д-р сци Снежана Лазаревска, учествуваше на завршната конференција на проектот “Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид-19” и упатува благодарност до Центарот за управување со промени – ЦУП, за укажаната можност за учеството во проектот.

 

Настанот го отворија сопругата на Претседателот на РСМ г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска, Извршната директорка на ЦУП г-ѓа Неда Малеска Сачмароска, проектната координаторка во ЦУП г-ѓа Јасна Пајковска, претставникот на канцеларијата на USAID North Macedonia г-дин James Stain и градоначалникот на Општина Охрид г-дин Кирил Пецаков.

Read More

МУЛТИПЛА СКЛЕРОЗА – Болест со илјада лица

Мултипла склероза претставува заболување на централниот нервен систем и ΄рбетниот мозок. Кај мултипната склероза, имуниот систем на индивидуата ги напаѓа заштитните (миелински) обвивки на нервните влакна во централниот и ΄рбетниот мозок, на тој начин попречувајќи ја нивната нормална функција.

Read More