Методија Шаторов-Шарло бр.15/1-10
Аеродром, 1000 Скопје, Северна Македонија
02 2466021
070333235
contact@lasermed.com.mk
laser_med@yahoo.com

Акупунктура - Dry Needling или уште позната како миофасциално боцкање на тригер точките е дел од алтернативната медицина, техника слична на акупунктурата.
Dry needling – “суво боцкање“  претставува вметнување на многу фина (тенка) игла во дел од телото во кој има болка и вообичаено содржи тригер точка или “мускулен јазол“.

Разликата помеѓу Акупунктурата и Dry Needling

Dry Needling е базирано според Западната медицина и современите сознанија за анатомијата и неврологијата, откриени преку научни истражувања во нервниот систем и мускуло-скелетниот систем.
Акупунктурата е развиена врз база на традиционалната кинеска медицина и е поткрепена со одредена филозофија
На дијаграмот секоја од овие мали области на спазам се нарекуваат мускулен јазол-миофасциални тригер точки, кои под прстите се чуствуваат како задебелени јазли или како тесни акорди на гитара
Тригер точката претставува хипериритирачко место во затегната група на мускулно-скелетните влакна. Тие можат да бидат поделени на активни и латентни миофасцијални точки.
Активната тригер точка има спонтана болка или болка како одговор на движење, истегнување или компресија, латентната тригер точка е чувствително место со болка или непријатност како одговор на компресија, односно болката се јавува само на стимулација.
Болката се должи на хипоксија и намален проток на крв во рамките на тригер точката. Ова доведува до намалена рН која ги активира ноцицепторите на мускулите за да се врати хомеостазата, а со тоа се предизвикува периферна сензибилизација.

Пациентите не го чувствуваат пенетрирањето на иглата во кожата чувството на  непријатност може да варира од пациент на пациент.
Пократката или цврстата мускулатура ќе биде повеќе чувствителна и пациентот може да добие грчеви. Реакцијата на грч е реакција која терапевтот сака да ја добие, со цел да се ослободи тригер точката.
Целта на Dry Needling – сувото боцкање е да предизвикува деактивација на тригер точката, а со тоа ослободување од болката и помага на мускулот да ја врати должината и функцијата.  Иглата е ставена во тригер точката со цел да ги ослободи цврстите мускули, да го зголеми протокот на крв и да ги ублажи болките во мускулите.

Секогаш пред да се боцне пациентот мора да се најде тригер точката, односно со палпација да се препознае болното место. Иглите се поставуваат на тригер точките во времетаење од 10-30 мин.

Индикации

Акутни и хронични повреди, Болки во вратот, Болки во грбот, Ишиас, Болки во колената и колкот, Главоболки, Тендинитис, Мускулни грчеви, Фибромијалгија, Повремени повреди на видот.

Контрадиндикации

Апсолутни контраиндикации :
Кај пациенти со иглена фобија, Неможе да даде согласност – комуникација, когнитивни фактори поврзани со староста, Над област или екстремитет со лимфедема, бидејќи ова може да го зголеми ризикот од инфекција,