Методија Шаторов-Шарло бр.15/1-10
Аеродром, 1000 Скопје, Северна Македонија
02 2466021
070333235
contact@lasermed.com.mk
laser_med@yahoo.com

Или ПСИХО - ФИЗИО – НЕУРОСТИМУЛАЦИЈА

се применува со користење на апаратура со најнапредна технологија, применувајќи принципи од физиологија и психологија, при што се модифицираат и менуваат физичките и психичките одговори кои ги дава организмот со цел да се постигне сеопфатно подобрување. Се делува на централниот, периферниот и автономниот нервен систем како и на нервните мрежи и структури кои одговараат и интервенираат на контрола на умот.

Индикации:
- Пореметување на сонот,
- Вознемиреност,
- Опсесија,
- Депресија,
- Обеситас, анорексија, булимија,
- Пострауматски стрес,
- Ноќно мокрење,
- Подобрување на состојбата на кожата (херпес),
- Програми за контрола на хронична болка,
- Терапии за зависници од тутун,
- Фобии,
- Зголемување на самодовербата,
- Подобрување на климактерични тегоби

Компјутеризираните програми на апаратурата се со докажана сигурност и овозможуваат прогресивна релаксација. Клиентите при примена на терапијата се удобно сместени на кревети, при што воедно им се применува и аудио – музикотерапија, така што им се овозможува да се излекуваат од својот стрес, опсесија, непријатности и тн.
Протоколите и програмите, со кои се работи се со апсолутна прецизност и вклучуваат: одредена нервна стимулација, техники за релаксација, одговор на релаксација, длабоки масажи и техники базирани на следење на нервната фреквенција, кои успеваат со терапијата да ги сменат сензациите на клиентите, перцепциите и нивниот тек. Доведуваат до деактивација на левата хемисфера на мозокот (свесниот ум) и пренесување на контролата на десната хемисфера (потсвеста), менувајќи и создавајќи нови специфични условни рефлекси (Павлов), кои му дозволуваат на клиентот полесна контрола врз неговите проблеми и подобрување на неговиот организам, преку техниките за длабока релаксација, константен сон, отстранување на болката, контролирање во стресни ситуации, зголемување на самодовербата, намалување на вознемиреноста и владеење со емоциите и загриженоста.