Методија Шаторов-Шарло бр.15/1-10
Аеродром, 1000 Скопје, Северна Македонија
02 2466021
070333235
contact@lasermed.com.mk
laser_med@yahoo.com

ЦЕЛУЛИТ - 80% од жените имаат делови од телото каде што се таложи целулитот. Обично овие делови се колковите, стомакот и нозете. Целулитот е естетски и здравствен проблем со кој се борат многу жени дури и од пубертетот. Најголемата причина за појава на целулитот е неправилна исхрана, стрес, физичка неактивност, генетска наклоност, како и нарушување на хормоните.

Сите мускули во организмот се обвиткани во масни наслаги и сврзно ткиво кое е со различна дебелина и е опкружено со течност. Ова масно ткиво е прицврстено со мрежа од влакна (еластин и колаген ) и кога организмот добро функционира, отпадните материи се елиминираат. Доколку не бидат елиминирани, тие почнуваат да се акумулираат односно да се таложат. Сврзното ткиво се соединува со таа течност која со тек на време се  згуснува и стврднува и прави “џебови“ кои понатаму формираат т.н. „кора од портокал“. Најдобрите резултати во лекувањето на целулитот и прекумерната тежина се постигнуваат преку неколку различни методи, кои можат да бидат од мануелни до препаративни до апаративни.

Електро стимулација: тоа е третман со електро терапија на високо софистициран уред кој работи на ниска фреквенција и ги разградува масното ткиво и целулитот, го враќа мускулниот тонус и ја враќа нивната цврстина,  ја подобрува периферната микроциркулација и ја елиминира т.н. „кора од портокал“.

Ако, пред или по третманот, телото се третира со одреден препарат за дренажа или ако се примени антицелулитна крема, разгрдувањето на масното ткиво се зголемува.

Антицелулитна рачна масажа е ефикасен метод кој ја подобрува лошата микроциркулација, го стимулира метаболизмот и лимфниот систем и ги елиминира токсичните материјали. Воспоставува побрза и подлабока апсорпција на активните материи од антицелулитните креми и  маслата за дренажа.

Ултразвучна терапија: ултразвукот предизвикува длабинска микро масажа, го загрева ткивото, ја подобрува циркулацијата и ја зголемува растегливоста на колагенското ткиво. Со негова помош, антицелулитните препарати побрзо продираат во кожата. Тоа е единствената метода која делува длабински, а со тоа и метода која највеќе ветува во борбата против целулитот.

Боди врапинг е третман каде прво на кожата се нанесува антицелулитна крема  или некој друг препарат со термоактивен ефект. Потоа третираниот дел се завиткува со фолија и дополнително се покрива со термодек.

Лифтинг на тело е третман каде со помош на нискофреквентна струја се делува кај млитаво и опуштено ткиво,при слаб мускулен тонус, ткиво со масни наслаги и целулит. Силните електро импулси длабински го разградуваат масното ткиво, ја подобруваат циркулацијата, ги обновуваат ослабените  колагенски и еластичните влакна на кожата и го враќаат природниот тонус на мускулите.

Мадеротерапија претставува длабоко ткивна масажа, која го активира ткивото длабински. Се користат анатомски изработени елементи од дрво, што ја прави 100% природна без никаква алергиска реакција на кожата. Предноста во користење на овие елементи е во тоа што овозможува интензивен притисок на фиброзниот целулит и ги отстранува масните наслаги заедно со другите токсини. Се препорачува за: разбивање на целулитот, согорување на мастите, тонизирање и затегнување, редукција на обемот, забрзување на метаболизмот, стимулација на лимфниот систем, елиминација на токсините, психофизичка релаксација.

Терапија со Вендузи е третман со примена на вакум и длабинско ткивна масажа со чашки т.н.Вендузи третман. Со помош на вендузи третманот, освен што се намалуваа масните наслаги, се подобрува циркулацијата и исхраната на третираниот предел. Воедно се стимулира создавањето на колагенот, кој има значајна улога за здраво ткиво, мазна кожа и естетски добар изглед.

ВРЕМЕ Е ДА ГО РЕШЕТЕ ПРОБЛЕМОТ ШТО ДОЛГО ВЕ ИЗМАЧУВА!