Емметт терапија -„Волшебен допир“
Емметт терапијата опишана е како нова генерација во здравствената грижа и нова техника за ослободување од болката. Претставена е како терапија за релаксација на мускулниот систем, со цел да ја отстрани болката и непријатностите/маката на телото предизвикани од различни фактори. Тоа е единствен вид на телесна терапија која подразбира примена на слаб, нежен притисок со прстите на одредени точки.
Според авторот на оваа техника Рос Емметт овие точки се нарекуваат “Емметт точки“ и претставуваат места на кои се преклопуваат сензорни или рецепторни и мускулни точки.
Потекнува од Австралија и распространета е во многу земји во светот, меѓу кои е и Македонија.
Со Емметт терапијата се дејствува на одредени ограничени движења и се воспоставува нивната рамнотежа преку активација на различните структури на централниот нервен систем и на лице место се создаваат нови шеми на движењата, без болка и со подобра рамнотежа. Со неколку притисоци на Емметт точките, зависно од причината на проблемот, мускулите сами се корегираат и клиентот на кој се спроведува третманот чувствува промена во смисла на: регулација на тонусот, намалување на болката, олеснување и зголемен обем на движење дури и по првиот третман.
Освен директниот ефект врз корекција на мускулите ( кои се олеснети или опуштени во зависност од состојбата на мускулот, односно во зависност од одговорот на проприорецепторите), со примената на оваа метода делуваме на:
- Опуштање на тензијата на мускулите и фасциите,
- Поттикнување на секрецијата на природниот ендорфин,
- Подобрување на циркулацијата и
- Лимфната дренажа.
Оваа техника може да ослободи од болка и непријатностите кај ледирано рамо, ограничени движења во било кој зглоб, цервикобрахијален и цервикоцефален синдром - болки во вратниот дел на рбетот или лумбалниот дел на рбетот- лумбоишиалгија, трнење во рацете или нозете, постоперативна рехабилитација после фрактура, кај астмата дури и проблемите поврзани со паркинсоновата болест и многу повеќе.
Емметт техниката односно Емметт терапијата може да се примени кај сите возрасти, од бебиња до возрасни личности. Толку е нежна што може да се примении кај трудниции и тукушто родени бебиња. Се повеќе клиенти ја прифаќаат како можна алтернатива за медицински треман и за ослободување од болката.