Методија Шаторов-Шарло бр.15/1-10
Аеродром, 1000 Скопје, Северна Македонија
02 2466021
070333235
contact@lasermed.com.mk
laser_med@yahoo.com

Ерготерапијата (работна терапија) е дел од терапевтскиот процес и опфаќа рачни, креативни, рекреативни, социјални, едукативни и други активности со цел да се постигне одредена функција или некое однесување на пациентите.

Движењето – вежбањето како природен процес – има за цел да го врати или да го задржи човековото здравје.
Ерготерапијата е начин на исцелување каде што работата претставува низа на движење со цел да се заврши некоја работа. Уште одамна, ефектот на работата врз психолошката, физичката и социјалната благосостојба е нашироко позната и на тој начин можеме да ја одобриме изреката дека работата го исполнува човекот. Бидејќи човековиот организам е формиран за движење во текот на еволуцијата, му треба активност и работа за нормално да функционира. Модерната рехабилитација вклучува комплекс на примена на средства и активности со цел да се спасат, негуваат и да се развијат другите способности кај нарушената регија.
Овие луѓе веќе не се предмет за спроведување на различни медицински дејствија, туку активен член на тим кој придонесува во обуката.
Оваа терапија со користење на различни активности користи и едноставна опрема и уреди од различни материјали, на начин на кој се користи одредено движење.

Ерготерапијата ги користи следниве методи:

  1. Функционална обука
  2. Вежбање активности за самоодржување;
  3. Вежбање секојдневни активности;
  4. Заштитни методи за ортотика;
  5. Проценка на работните способности;
  6. Предпрофесионална проценка;
  7. Професионална ориентација;
  8. Архитектонско – техничка адаптација;
  9. Приспособување на работните средства;
  10. Мотивирање на пациентот за работа и закрепнување;
  11. Влијае на расположението, трпението и самодовербата на пациентот.

Целта е ресоцијализација, односно враќање на максималната способност за развивање на другите капацитети за враќање во животното и социјалното опкружување или едноставно кажано враќање во секојдневниот живот.