Лимфната дренажа е незаменлива терапевтска процедура за стимулирање на циркулацијата на лимфата, подобрување на венската циркулација и детоксикација на организмот. Допринесува за подобра исхрана и регенерација на ткивата, одстранување на вишокот на течности и јакнење на имунолошкиот систем.
Лимфен систем
Лимфниот систем е вториот циркулаторен систем покрај крвотокот и е од отворен тип. Се состои од лимфни садови, лимфни јазли и лимфоидни органи низ кои постојано циркулира лимфата. Главната улога на лимфниот систем е да се собере вишокот течност од ткивата, да се прочисти и да се врати во крвотокот. Оваа е важна улога бидејќи многу супстанции континуирано истекуваат од капиларите од крвта во околните ткива. Кога лимфниот систем не може да успее да ги отстрани овие вишок течности, тие можат да се акумулираат, да предизвикаат оток и потенцијално да го зголемат ризикот од инфекција. Ефикасен лимфен систем помага да го одбрани телото од бактерии, вируси и габи кои можат да предизвикаат болест.
Лимфниот систем ја исфрла течноста во специфични региони на телото како што се пазуви и препони, каде што има концентрација на лимфни јазли. Лимфните јазли содржат лимфоцити (вид на бели крвни клетки) и некои од овие лимфоцити содржат антитела кои се борат против бактериите и ја спречува инфекцијата од ширење низ телото. Лимфната дренажа го забрзува текот на лимфата во лимфниот систем и нејзиниот капацитет да се бори против болестите и вирусите, отстранува отрови и отпадни материи, го намалува отокот, ја филтрира лимфната течност и крвта што води кон подобро здравје.
Лимфедем
Лимфедема или лимфна обструкција е долгорочна состојба во која вишокот течност се собира во ткивата што предизвикува оток (едем). Предизвикана е од блокирање на лимфниот систем т.е лимфен застој. Најчесто влијае на една од рацете или нозете, во некои случаи двете раце и двете нозе. Некои пациенти може да доживеат оток во главата, гениталиите или градите. Лимфедемата со правилен третман може да се контролира. Основен конзервативен метод во борба против лимфедемата е мануелната лимфна дренажа (MLD), комбинирана со компресивна терапија и нежни терапевтски вежби. Нејзината способност да го намали отокот во засегнатите делови од телото е многу добро докажана.
Болеста поминува низ четири стадиуми: во првиот стадиум отокот само се појавува. Во вториот, отокот се појавува но изчезнува. Во третоит стадиум едемот е траен и во последниот стадиум се зголемува и доаѓа до деформации на засегнатите екстремитети.
Разликуваме примарна и секундарна лимфедема.
Примарната лимфедема е доста редка и може да биде предизвикана од мутации во некои од гените вклучени во развојот на лимфниот систем. Овие погрешни гени интерферираат со развојот на лимфниот систем, поткопувајќи ја неговата способност правилно да ја исцеди течноста.
Секундарната лимфедема има неколку можни причини, вклучувајќи: онколошка хирургија, терапија со радијација, инфекции, воспалителни состојби, кардиоваскуларни болести, повреди и трауми.
Мануелна лимфна дренажа
Лимфната дренажа е специјализирана техника на масажа, што ја користиме за да ја вратиме рамнотежата помеѓу течностите во телото, базирана на анатомијата на лимфниот систем која е дизајнирана да го намали отокот преку подобрување на лимфната дренажа. Таа овозможува да се пренасочи течноста од областите каде што е присутен отокот, кон функционалните лимфни јазли.
Ова е важен принцип во менаџментот на лимфедемата. Во MLD се применува специфични движења на рацете на површината на кожата и се следат анатомските лимфни патишта на телото за да се промовира дренажа од погодениот екстремитет. Тоа вклучува нежно пумпање на кожата. Како резултат на тоа, лимфниот проток низ телото се зголемува, без зголемување на филтрацијата, со што се намалуваат лимфните стази и симптомите на лимфедем.
Мануелната лимфна дренажа се обидува да го насочи природното движење на лимфата преку лимфниот систем. Се фокусира на областите што задржуваат вишок течност и се обидува да го стимулира лимфниот проток со помош на неколку различни техники за движења на рацете.
Овие движења се поделени во две главни фази: работна фаза или фаза на расчистување со примена на нежен притисок во областа и нејзино поттикнување на движење и фаза на одмор или ресорпција.
Овие движења се бавни и повторувачки во сесија која трае од 20 мин до 60 мин, изведени од страна на професионални лиценцирани MLD терапевти. Тие ги определуваат бројот на сесии и нивното времетраење во зависност од тоа како телото реагира на масажата и колку бргу се реапсорбира течноста. Факт е дека периодот на опоравување е долг но за среќа третманот е безболен и делува пријатно и релаксирачки врз пациентот и се покажал како најдобар метод во контрола на лимфедемата.
Предности
Активирање на циркулација на течности, зголемување на контракцијата на лимфните садови, цедење на токсини, макромолекули, масти и стимулирање на имунолошкиот систем, намалување на мускулни грчеви, стимулирање на парасимпатичкиот систем, подобар квалитет на спиење и најважно намалување на едемата (отокот).
Несакани ефекти и мерки за претпазливост
Лимфната дренажа треба да се избегнува кај лица со конгестивна срцева слабост, воспаление или инфекција на лимфните садови, активни крвни згрутчувања (ДВТ) или длабока венска тромбоза, кожни инфекции, висока фебрилност. Во секој случај пред да почнете со терапија посоветувајте се со вашиот терапевт и дискутирајте за вашата медицинска историја и за било какви промени кои ќе се појават во периодот на лекувањето.