Различни состојби, болести и трауми на главата, може да го оштетат нервниот систем, како централниот така и периферниот, засегнувајќи ги на тој начин движењето, координацијата и балансот. Физикалната терапија е екстремно важна кај луѓе со невролошки заболувања. Таа има за цел да им ги подобри подвижноста, независноста и секојдневното автономно функционирање.
Што е невролошка рехабилитација?
Неврорехабилитација е медицинска дисциплина која се занимава со функционално закрепнување на пациенти погодени од болести на централниот и/или периферниот нервен систем, која има за цел, колку што е можно, да ги опорави сензорно-моторните и когнитивните дефицити и да ги ограничи поврзаните попречености.
Кои невролошки состојби може да се третираат со физикална терапија?
- Проблеми со рамнотежата/ нестабилност/ чести паѓања;
- Вртоглавици;
- Повреди на главата/ трауматски повреди на мозокот;
- Мозочни удари;
- Мултипла склероза;
- Паркинсонова болест и други растројства на движењето;
- Церебрална парализа
- Парези и парализи на периферните нерви
- Параплегии и квадриплегии и др.
Кои се целите на невролошката рехабилитација?
- Зголемување на автономноста и независноста на пациентот;
- Да се зголеми безбедноста на пациентот во домот и во заедницата;
- Да се подобри ефикасноста на движењата;
- Да се намали ризикот од чести паѓања;
- Да се оптимизира силата, флексибилноста и координацијата
На кој начин помага невролошката рехабилитација?
Невролошката рехабилитација помага во повторното стекнување на загубените функции, стекнување на независност во секојдневното функционирање и подбрување на квалитетот на животот како на пациентот така и на членовите на најблиското семејство, како и интеграција во општествениот живот.
Кај кои невролошки заболувања се применува невролошка рехабилитација?
Мозочни удари/ повреди на главата
- Повторно стекнување на загубените функции
- Повторно учење на заборавените движења и редуцирање на компензацијата
- Подобрување на стабилноста и флексибилноста
- Редуцирање на спастицитетот
- Намалување на ризикот од паѓање
Мултипла склероза
- Подобрување на флексибилноста и намалување на спастицитетот
- Подобрување на балансот и рамнотежата
- Подобрување на функционалната подвижност
- Намалување на регресијата
Паркинсонова болест
- Подобрување на ефикасноста и брзината на движењата
- Редуцирање на мускулниот тонус и спастицитетот
- Подобрување на флексибилноста
- Подобрување на балансот и рамнотежата
- Подобрување на постурата и држењето на телото
- Подобрување на фините моторни движења
- Намалување на тресењето
Вртоглавици/ Вертиго
- Техники за редуцирање на вртоглавиците
- Подобрување на стабилноста и рамнотежата
- Стабилизација на нистагмусот
Пареза на периферни нерви
- Пареза н.Фациалис (Белова парализа)
- Пареза н.Перонеус, н.Улнарис и др.