Методија Шаторов-Шарло бр.15/1-10
Аеродром, 1000 Скопје, Северна Македонија
02 2466021
070333235
contact@lasermed.com.mk
laser_med@yahoo.com

ПАРКИНСОНОВА БОЛЕСТ – Причини, Клиничка слика, Дијагноза и Третман

Паркинсоновата болест е прогресивно невродегенеративно растројство, кое предизвикува карактерстични моторни симптоми од типот на тремор на одреден делови на телото (тресење најчесто на рацете, потоа на нозете, главата, долната вилица), брадикинезија (забавено движење), постурална нестабилност (нестабилност при одење и стоење), како и немоторни симптоми како што се констипација (запек), несоница, кошмарни соништа, кои може да се јават многу години пред појава на класичната тријада на симптоми (тремор/ ригор- зголемен мускулен тонус, брадикинезија).

Зошто настанува Паркинсоновата блест?

До денес, сеуште не се познати причините кои доведуваат до појава на Паркинсоновата болест. Се знае дека наследниот фактор, возраста,  полот (повеќето мажи), како и околинските фактори и стилот на живот имаат улога во појава на Паркинсоновата болест. Во мозочното ткиво кај пациентите со Паркинсонова болест е најдено оштетување на т.н допаминергични неврони во екстрапирамидниот систем кои учествуваат во контрола на фините моторни движења, одржување на рамнотежа при стоење и одење и координација на движењата. Докажано е и таложење на еден протеин познат како алфа- синуклеин во централниот, автономниот и периферниот нервен систем. Дегенерацијата на невроните кои ослободуваат допамин доведува до нарушување на рамнотежата помеѓу ексцитаторните (ацетилхолин) и инхибиторните (допамин) невротрансмитери што предизвикува појава на неконтролирани, неволни движења, познати како дискинезии, од една страна односно успорување на движењата, познато како “freezing” феномен од друга страна.

Како се манифестира Паркинсоновата болест?

Паркинсоновата болест се препознава по карактеристичниот сет на моторни симптоми кој се состои од тремор во мирување, ригор (зголемен мускулен тонус), нестабилност при одење и стоење како  немоторни симптоми од типот на промена на сетилото за мирис, промени во расположенето, депресивни епизоди, проблеми со меморијата, несоници и замор. Како што напредува болеста, голем дел од симптомите се потенцираат и влошуваат. Индивидуите кај кои што Паркинсоновата болест трае долги години се соочуваат со сериозни потешкотии поврзани со движењето, одржувањето на рамнотежа при одење и стоење, проблеми со меморијата што значително го отежнува самостојното секојдневно функционирање и бара доживотна грижа од друго лице.

Како се дијагностицира Паркинсоновата болест?

Дијагнозата на Паркинсоновата болест се поставува врз основа на клиничките симптоми и знаци, односно присуството на тремор, ригор, брадикинезија како и на немоторните симптоми. Неуроимиџинг- методите од типот на компјутерска томографија и магнетна резонанца не покажуваат специфични промени кои би оделе во прилог на поткрепување на дијагнозата на Паркинсоновата болест.

Како се лекува Паркинсоновата болест?

Бидејќи сеуште не постои третман кој е насочен во излекување на Паркинсоновата болест, лекувањето е насочено кон ублажување на симптомите на болеста и успорување на нејзината прогресија. Постојат неколку групи лекови кои се користат во ублажување на симптомите на Паркинсоновата болест. Тие лекови се прекурсори на допаминот и се насочени кон надокнадување на нивоата на невротрансмитерот допамин кој кај пациентите со Паркинсонова болест е значително намален, потоа лекови кои се агонисти на допаминот, како и лекови кои примарно се виростатици но имаат улога и во ублажување на симптомите на Паркинсоновата болест. Дополнително, терапијата треба да биде насочена и кон ублажување на останатите симптоми како што се проблемите со меморијата и расположението, депресивните и психотичните епизоди, како и физикални мерки кои дополнително ќе влијаат во стекнување на неопходната автономност кај пациентите со Паркинсонова болест.

ТОПЛО ЈА ПРЕПОРАЧУВАМЕ МИОФАСЦИЈАЛНАТА ТЕРАПИЈА ЧИЈ УЧИНОК ДАВА ФАСЦИНАНТНИ РЕЗУЛТАТИ ВО СМИРУВАЊЕ НА ТРЕМОРОТ И ПОДОБРУВАЊЕ НА ФУНКЦИОНАЛНОСТА КАЈ ПАРКИНСОНОВА БОЛЕСТ