Методија Шаторов-Шарло бр.15/1-10
Аеродром, 1000 Скопје, Северна Македонија
02 2466021
070333235
contact@lasermed.com.mk
laser_med@yahoo.com

ПОЛИНЕВРОПАТИЈА – Најчеста компликација на Дијабетес Мелитус

Полиневропатија е пореметување на периферниот систем и се однесува на оштетување на повеќе периферни нерви, особено во екстремитетите. Често е составен дел и последица на системска болест.

Примарното место на оштетувањето може да биде нервно влакно (нпр. кај дијабетес или изложеност на штетни материи) или оштетување на обвивката од нервните влакна (нпр, кај акутна или хронична инфламаторна полиневропатија, леукодистрофија или синдром на Гијлан-Баре). Се јавува најчесто кај: дијабетичари, алкохоличари, онколошки пациенти, пациенти на дијализа и сл.

 

Клиничка слика на Полиневропатија

Ако се засегнати малите миелински влакна, се јавува примарно губење на чувството на температура и болка, а во случај на оштетување на големи влакна, се јавува мускулна слабост. Во рамките на невролошкиот дефицит, болката често се јавува во форма на: парестезија, печење, вкочанетост, и чувство на стегање. Болната чувствителност на нервните завршетоци на мускулите на притисок е типична. Болката е почеста ноќе и може да се влоши со допирање на погодената област. Ако болеста напредува, постојат знаци на губење на сензација, обично со дистрибуција на чувство на „чорапи и ракавици“. Поради нарушување на сетилните нерви, одењето е исто така тешко.

Што претставува Дијабетична невропатија?

Дијабетична невропатија е најчестата компликација на дијабетес мелитус, која влијае на дури 50% од пациентите со диабетес мелитус тип 1 и тип 2. Голема американска студија проценува дека 47% од пациентите со дијабетес имаат одредена периферна невропатија. Дијабетесот го зголемува ризикот од улцерации и ампутација на стапалото повеќе од 23 пати, а невропатијата е најголем фактор што придонесува за овој зголемен ризик. Невропатијата се манифестира како болна невропатија кај 20% од пациентите. Дијабетична полиневропатија е израз што се однесува на постепено хронично оштетување на периферните нервни завршетоци, што е придружено со оштетување на крвните садови и капиларите. Причината е од системска природа, што значи дека влијае на сите нервни и капиларни завршетоци. Сите ткива и органи на човечкото тело се погодени од овие промени. Постојат различни видови на полиневропатија: дистална симетрична полиневропатија, кардиоваскуларна, гастроинтестинална и генитоуринарна автономна невропатија.

Како се дијагностицира и лекува полиневропатија?
Болеста се дијагностицира врз основа на анамнезата, клиничката слика, невролошки и интернистички преглед и електромионеврографско испитување. Лекувањето се состои во примена на медикаментозна терапија (аналгетици, нестероидни антиинфламатици, алфа липолична киселина, Б витамини), физикална терапија, а доколку е индицирано и хируршко-ортопедско лекување.

Рехабилитациониот план и програм се подготвуваат врз основа на анамнезата, дијагнозата, индикациите и контраиндикациите и по проценка на функционалната состојба на пациентот. Од физикални процедури се применуваат: електротерапија, фототерапија, ултразвучна терапија, ласеро терапија, магнето терапија, термотерапија, хидротерапија, кинезитерапија, работна терапија, хипербарична комора, балнеотерапија и кинезитерапија

Рана дијагностика и рана примена на рехабилитациони методи, овозможува превенција и добар функционален исход кај заболените со полиневропатии