Методија Шаторов-Шарло бр.15/1-10
Аеродром, 1000 Скопје, Северна Македонија
02 2466021
070333235
contact@lasermed.com.mk
laser_med@yahoo.com

МАСАЖА – Курс по Основи на Масажа

Нашата Установа во склоп на имплементација на Обуки од областа физикална терапија и медицинска рехабилитација во период од 28-29.01 2023 година,  успешно го реализираше Курсот по Основи на Масажата.

       

Обуката беше спроведена под водство на Инструкторката: Дипл. Фт. Олгица Стојковски

 

   

Им честитаме на учесниците на успешно совладаните вештини на Масажната техника која датира уште од древното време, а во која и денес популацијата го пронаоѓа лекот за бројни здравствени проблеми, опуштање и релаксација.

                         

Read More

ДИСТОРЗИЈА НА СКОЧЕН ЗГЛОБ – најчеста повреда на стапалото

Една од најчестите повреди на стапалото е дисторзијата на скочниот зглоб или кај народот познато како шинување на скочниот зглоб.

Настанува при неконтролирано извртување на скочниот зглоб на рамна или нерамна површина при движење или при некоја спортска активност. Извртувањето најчесто е кон внатре, поретко кон надвор.

Оваа повреда на скочниот зглоб се класифицира во три   категории:

  • Истегнување на лигаментите – дистензија
  • Делумна руптура или кинење на лигаментите – парцијална руптура
  • Комплетна руптура или кинење на лигаментите – комплетна руптура

Во зависност од симптомите, големината на отокот и способноста за стапнување на повредената нога после повредата, можеме да се ориентираме за тежината на повредата.

Доколку отокот е благо изразен и може да оди со повредената нога, повредата е дистензија односно истегнување на лигаментите.

Кога отокот е голем и не може да оди со повредената нога тогаш се работи за руптура односно кинење на лигаментите ( парцијална или комплетна ).

Повредата на скочниот зглоб со кинење на лигаментите се карактеризира со нестабилност на зглобот. Најчест проблем во лекувањето на тешките повреди на скочниот зглоб претставува можност за појава на хронична нестабилност во зглобот со често свиткување или шинување на скочниот зглоб.

Read More